На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео направено во Димитровград на кое се гледа видео од грозоморно насилство врз животни. Имено, како што може да се види на видеото, една постара жена до смрт го претепа кучето.
Видеото е направено пред неколку дена, а според информациите кои ги објавија српските медиуми, полицијата започнала истрага за грозоморниот однос кон животните.
Видеото кое ја вознемири јавноста започнува со снимка на која се гледа како постара жена се приближува до куќа со голем столб зад кој е мало кученце. Во тој момент, кога се појавило пред неа, почнала крвнички да го удира со прачката по целото тело. Кучето почнало да испушта тажни звуци, но таа не престанала да удира.
Ве предупредуваме дека видеото е ВОЗНЕМИРУВАЧКО!
MUP SRBIJA!!!! pic.twitter.com/D1CIfn1A4B
— Trazim Zauvek Dom (@TrazimZauvekDom) April 26, 2023