Недела, 8 ноември 2026 недела, 8 ноември Струга 10°C Струга 10°C Пријави вест
Спорт

Со заедничка поддршка растат новите генерации на ФК Лабуништа

Објавено: · 1 мин читање
Со заедничка поддршка растат новите генерации на ФК Лабуништа

Најмладите фудбалери на ФК Лабуништа и денес уживаа во заедничките активности, играта и фудбалските предизвици, соопштија од клубот.

Оттаму посочуваат дека преку заедничкото учење и дружење се развиваат љубовта кон фудбалот, другарството и тимскиот дух – вредности што се особено значајни за најмладите генерации.

Од ФК Лабуништа упатија и благодарност до сите фирми и пријатели кои го поддржуваат клубот и помагаат во неговиот развој, нагласувајќи дека нивната поддршка има големо значење за младите фудбалери.

„Ви благодариме што сте дел од нашето семејство! ФК Лабуништа – заедно градиме иднина!“, порачаа од клубот.