Претседателот на Куба, Мигел Диаз-Канел денеска изјави дека земјата се соочува со недостиг на горива поради непочитување на договорените обврски од државите кои требаа да испорачаат бензин. Тој додаде дека за непочитување на договорите „виновна е сложената енергетска ситуација (во светот)“. Диаз-Канел наведе дека Куба располага со помалку од 400 тони бензин на дневна основа, а за нормално функционирање потребни се од 500 […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на прес-конференција во главниот град на Виетнам, Ханој, изјави дека протекувањето на воените разузнавачки податоци нема да влијае врз соработката на Вашингтон со партнерите и сојузниците. Врз основа на разговорите што ги имав, не слушнав ништо што би влијаело на нашата соработка со сојузниците и партнерите, наведе Блинкен, додавајќи дека […]
Покрај истрели и експлозии што се слушааат во Картум, престрелка има и во северниот судански град Мерове. Аларабија ТВ објави снимки на кои се гледа како се издигнува час над воениот камп во Мерове. По неколкудневните тензии, паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) и суданската армија денеска потврдија дека биле нападнати нивните позиции во главниот град на Судан, Картум. […]
Тринаесет музичари загинаа откако автобусот со кој се превезувале излета од патот во западниот дел на Индија. Музичарите се враќале од градот Пуна, каде имале настап. Во сообраќајната несреќа повредени се 29 лица. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство и најави финансиска помош за семејствата на настраданите. Во Индија чести се сообраќајните несреќи поради несовесно возење, лошо одржувани патишта и стари возила. Повеќе […]
Српската Влада на денешниот состанок усвои пакет мерки, што беше договрен меѓу претседателот Александар Вучиќ и косовските Срби на средбата во Рашка пред два дена, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Владата, пакет мерките опфаќаат пет точки, а во првата Србија бара итна реакција на меѓународната заедница кон косовските власти за прекинување […]
Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа е извршено успешно тестирање на пресретнување на ракета со среден дострел од копно. Во соопштението се наведува дека тестот бил „од одбранбен карактер и не бил насочен кон ниту една земја“, без информации дали ракетите погодиле некој објект, колку биле истрелани и каде паднале. Таквите системи составени од […]
Кинескиот прв дипломат Ванг Ји, на средбата со шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во Пекинг, изјави дека се надева оти Германија ќе го поддржи „мирното обединување“ на Кина и Тајван. Тој потсети дека Кина го поддржала обединувањето на Германија. – За да се одржи стабилноста во Тајванскиот Теснец, неопходно е цврсто да се спротивставиме […]
Во сообраќајна несреќа во североисточниот дел на Грција во близина на градот Александруполи, животот го загубија шест лица, откако автомобил со нелегални мигранти за да ѝ побегне на полицијата возел во спротивна насока и се судрил со патничко возило, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, автомобилот што ја предизвика […]
Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека на состаноците во Вашингтон договорени се уште пет милијарди долари помош за Украина. Шмихал минатата недела се сретна со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Европската инвестициска банка, како и со највисоките американски претставници, за време на пролетните состаноци на ММФ и Светската банка. Тој истакна […]
Во Тирана денеска на стадионот „Air Albania“ Коалицијата „Заедно победуваме“ ќе ги промовира кандидатите за градоначалници. Со промоцијата на кандидатите и официјално денеска ја започнуваат предизборната кампања за локалните избори кои ќе се одржат на 14 мај.