Албанскиот премиер денеска ќе замине во посета на Велика Британи Еди Рамаја.

Според медиумите, посетата ќе биде фокусирана на спортот и потпишувањето на договорот со кој се предвидува изградба на една од најелитните спортски академии во Албанија, што Рама го најави пред неколку дена во Драч.

Албанскиот премиер тогаш изјави дека „се работи на договор да се донесе во Драч една од најелитните фудбалски академии на еден од најважните тимови во целиот свет”.

Според албанските медиуми, станува збор за спортска академија на Манчестер Сити.
Во таа насока, се очекува албанската делегација за време на нивната посета да оствари средба и со претставници на
фудбалскиот клуб Манчестер Сити.

Албанскиот премиер во Велика Британија ќе биде придружуван од министерката за образование, млади и спорт на Албанија Евис Куши, како и од градоначалничката на општина Драч, Емирјана Сако.

Спортските терени кои ќе бидат дадени на располагање на Академијата за фудбал се во близина на Универзитетот „Александар Моисиу” во Драч.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *