Големата порота на Менхетен синоќа покрена обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп за исплата на кампањски средства на порно актерката Сторми Дениелс за да премолчи дека имала односи со него. Ова е првпат во историјата на САД поранешен претседател да биде обвинет за кривично дело. Трамп за некои медиуми потврди дека во вторник идната недела […]
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, синоќа ја поздрави ратификацијата од страна на турскиот Парламент на членството на Финска во Алијансата, изјавувајќи дека тоа ќе го направи „семејството на НАТО посилно и побезбедно“, пренесоа француските меидуми. „Го поздравувам гласањето на турскиот Парламент за комплетирање на ратификацијата на членството на Финска. Тоа ќе го направи целото […]
Турскиот парламент синоќа ја ратификуваше одлуката со која и се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, отворајќи го патот за Хелсинки да и се приклучи на Алијансата во време на беснеење на војната во Украина, јавија британските медиуми. Турскиот парламент беше последниот од 30-те членки на Алијансата што го ратификуваше членството на Финска, […]
Белата куќа денеска соопшти дека Русија продолжува да бара оружје од Северна Кореја за војната во Украина, откако Пјонгјанг веќе испрати артилериска муниција на групата Вагнер што се бори на фронтот. „Имаме нови информации дека Русија активно бара да набави дополнителна муниција од Северна Кореја“, рече портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби. Американското Министерство за […]
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на брегот на Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случи во областа Мауле. Епицентарот бил на длабочина од 15 километри, а други информации засега нема.
Американскиот кандидат Аџеј Банга е единствениот предложен за наследник на актуелниот претседател на Светската банка, Дејвид Малпас, соопшти денеска институцијата. „Управниот одбор доби една кандидатура и прецизира дека Аџеј Банга, американски државјанин, ќе биде земен предвид за таа позиција“, се вели во соопштението на Светската банка. Аџеј Банга е Американец со индиско потекло. Досегашниот претседател […]
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја посети Турција на 6 и 7 април на покана на неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа прецизира дека двајцата планираат да разговараат, пред сè, за состојбата и перспективите на билатералните односи во областите од заемен интерес, […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека е „длабоко загрижен“ од руското апсење на американски новинар и ги осуди напорите на Москва да ги „казни“ медиумите. „Длабоко сме загрижени поради широко објавеното притворање на американски државјанин – новинар во Русија“, рече Блинкен во изјавата, мислејќи на новинарот на „Вол Стрит Журнал“, Еван Гершкович. САД […]
Одборот на директори на косовскиот регулатор за енергетика (РЕК) денеска одлучи од 1 април цената на струјата во Косово да се зголеми за 15,4 отсто. Претседателот на РЕК Имер Фејзулаху изјави дека зголемувањето на цената е неопходно за да се обезбеди 24-часовно снабдување со електрична енергија на Косово. „Сметаме дека ако немаме стабилно снабдување, трошокот […]
Според податоците на Заводот за статистика МОНСТАТ, просечната нето-плата во февруари годинава во Црна Гора бележи зголемување од 1,8 отсто во однос на претходниот месец и 9,2 отсто во однос на истиот месец лани. Според истите податоци, просечната месечна бруто-плата во февруари годинава изнесува 958 евра, додека просечната плата во нето износ е 771 евро, […]