Русија не може да ја победи Украина бидејќи целиот западен свет се построи зад Киев, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој ја нагласи потребата што побрзо да се воспостави примирје во Украина и да започнат мировни преговори. „Русија не може да победи, бидејќи целиот западен свет се построи зад Украина. Во исто време, Русија е […]
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата видела знаци дека Кина размислува за испорака на оружје за Русија и го предупреди Пекинг да не презема такви чекори. Изјавата дојде неколку дена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја предупреди Кина за последиците доколку обезбеди материјална поддршка за руската инвазија на Украина. „Не […]
Седницата на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска во Биена почна без присуство на украинската делегација, која како навреда го оцени најавеното присуство на руски пратеници на седницата. Дводневната сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, која се совпаѓа со првата годишнина од руската инвазија на Украина, е засенета од […]
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска изјави дека ќе се проширува истрагата за градежните претприемачи кои се осомничени дека ги прекршиле безбедносните стандарди за градба, по разорниот земјотрес што ја погоди земјата, а во кој загинаа над 43.000 лица. Сојлу денеска изјави дека досега се идентификувани 564 осомничени, од кои 160 лица се […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не видел никаков кинески мировен план, но дека ќе ја поздрави средбата меѓу Украина и Кина, пренесуваат британските медиуми. -Би сакале да се сретнеме со Кина, рече Зеленски за време на прес-конференцијата во Киев што ја одржа со шпанскиот премиер Педро Санчез, во пресрет на првата годишнина од […]
За повеќе од половина домаќинства во Грција, месечниот приход не доволен за цел месец и трае само 18 дена, поради растот на цените на енергијата и храната, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „Вима“, пренесувајќи ги резултатите од истражувањето на Институтот за мали бизниси на Грчка конфедерација на професионалци, занаетчии и трговци (ГСЕВЕЕ). Од годишното […]
Украина „не се скрши“ и ќе „триумфира“ над руските војници и рускиот терор, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на годишнината од руската инвазија на Украина. – Не се скршивме, надминавме бројни предизвици и ќе триумфираме. Ќе бараме одговорност од сите оние кои го донесоа тоа зло, таа војна на нашата територија. Целиот […]
Во судирите со израелските војници во окупираниот град Наблус на Западниот Брег загинаа 11 Палестинци, меѓу кои најмалку четворица вооружени бунтовници и четворица цивили, објавија странските агенции, повикувајќи се на извештаи од службите за итни случаи. Повеќе од 100 луѓе се повредени. Израелската армија преку соопштение ја потврди вчерашната операција во Наблус, посочувајќи дека нејзините […]
Седумнаесетгодишната Алејна Олмез е извлечена од урнатините 248 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужна Турција и Сирија, јавува Анадолија. Таа беше извлечена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас. Алејна моментално се наоѓа на лекување во болница во Анкара, а во средата ја посети турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга […]
Националниот истражувачки институт за астрономија и геофизика (NRIAG) во Египет ги демантираше информациите дека водите од Средоземното Море почнале да се повлекуваат од Синајскиот Полуостров поради неодамнешните земјотреси. Шефот на NRIAG, Гад ал-Кади, рече дека институтот има станици за следење на нивото на морето, а сите извештаи кои кружат на Интернет за повлекувањето на водите […]