По земјотресот што вечерва ја погоди Турција, Европско-медитеранскиот сеизмички центар (EMSC) предупреди на опасност од цунами. „Брегот треба итно да се евакуира, бидејќи по последниот земјотрес во Хатај постои опасност од цунами“. -Земјотресот предизвика паника меѓу луѓето и оштети голем број згради, а според очевидци бил почувствуван и во Египет и Либан, пренесе британската агенција […]
Уште два силни земјотреси, од кои едниот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Новиот земјотрес на границата меѓу Турција и Сирија вечерва предизвика повторно уривање на згради. На снимката се гледа како зградата се урива од силниот земјотрес […]
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран на границата меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен. Според очевидци, имало силно тресење и причинета е материјална штета.
Речиси неверојатна приказна е патувањето на еден тинејџер Албанец, кој во обид илегално да влезе во Британија, бил ставен во ковчег. Случајот за кој станува збор бил откриен при рутинска проверка на комбе, од страна на француски граничари во близина на Данкирк. Според албанските медиуми тинејџерот, чиј идентитет не се наведува од правни причини, пред […]
Повеќе од 114.000 луѓе се спасени за време на операциите за потрага и спасување по разорните земјотреси во југоисточна Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Работата за отстранување на урнатините привршува, 114.834 луѓе се спасени“, изјави Ердоган за локалната телевизија. Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што на 6 февруари ги […]
Шведската воена разузнавачка и безбедносна служба (MUST) тврди дека Русија претставува јасна воена закана за нивната земја. -Европскиот безбедносен поредок каков што го знаеме престана да постои… и со тоа се зголемија и ризиците за шведската безбедност, изјави Лена Халин, шеф на MUST на прес-конференција. По почетокот на руската инвазија врз Украина, Шведска поднесе барање […]
Европската унија денеска воведе шести пакет санкции против воената хунта во Мјанмар, која на 1 февруари 2021 година изведе воен удар со кој од власта беше соборена претходната, демократски избрана премиерка и нобеловка Аунг Сан Су Чи. Британските медиуми јавуваат дека новиот пакет санкции се однесува на девет лица и седум субјекти, меѓу кои се […]
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, затворен повеќе од две години, оцени дека воениот пораз на Кремљ е „неизбежен“ во Украина, во пресрет на годишнината од големата руска офанзива против таа земја. „Конечниот воен пораз (во Украина) сè уште може да биде одложен по цена на животите на стотици илјади мобилизирани (руски резервисти неодамна повикани од […]
Израел нема да одобри изградба на нови еврејски населби на окупираниот Западен Брег во следните месеци, соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, по доверливите разговори одржани за да се избегне гласање во Советот за безбедност на ОН за ова прашање. На 12 февруари, коалициската влада на Нетанјаху ретроактивно даде зелено светло за девет села […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во денешното интервју за „Велт“ предупреди дека Кина не треба да ја поддржува Русија во нејзината војна против Украина и рече дека ако Пекинг тоа го направи – ќе доведе до светска војна. Коментарите на Зеленски дојдоа откако Кина рече дека САД не се во позиција да поставуваат барања. Претходно, во […]