Свет

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

Бројот на лица кои аплицирале за азил во Холандија минатата година драстично се зголемил. Во 2022 година поднесени се 35.535 барања за азил, што е најголема бројка од 2015 година, објави „NL Times“. Во однос на 2021 година, бројот на барања е зголемен за 43,6 отсто. Барањата за азил се во благ пораст од септември. Според податоците на холандската агенција за статистика (CBS), најмногу баратели на азил […]

Свет

Блинкен на дипломатска турнеја по Блискиот Исток

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Каиро разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси за смирување на израелско-палестинските тензии, по што ќе отпатува во Ерусалим и Рамала. Посетата на Израел, планирана многу порано, доби поинаков тон со избувнувањето на новата спирала на израелско-палестинско насилство што досега меѓународните повици за смирување не успеаја да го […]

Свет

Меѓународна федерација на друштвата на Црвениот крст: Светот е „опасно

Светот е „опасно неподготвен“ за идни пандемии, предупреди Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина во денешниот извештај во кој ги повика земјите да ги ажурираат своите планови за подготвеност до крајот на годината. Во својот извештај за светските катастрофи за 2022 година, МФРЦ предупреди дека „сите земји остануваат опасно неподготвени за […]

Свет

Израелските војници убија Палестинец на Западниот Брег

Израелските сили денеска убија Палестинец на окупираниот Западен Брег за време на посетата на американскиот државен секретар на регионот на Блискиот Исток. Израелската армија не го коментираше инцидентот, а палестинското Министерство за здравство соопшти дека 26-годишен маж е убиен во градот Хеброн, жариште на судирите меѓу израелските војници и Палестинците. Насилството меѓу двата народа ескалираше […]

Свет

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтер ја погоди

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужен Синџан во Кина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа јавува дека во земјотресот нема повредени и не е причинета значителна материјална штета. Земјотресот се случи на длабочина од 33 километри во 7:49 часот по локално време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки […]

Свет

СЗО: Ковид-19 и натаму претставува глобална јавно здравствена криза

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека коронавирусот продолжува да претставува вонредна меѓународна јавно здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на оваа агенција ма Обединетите нации. Пандемијата е веројатно во „преодна точка“, па затоа се уште бара внимателно управување за „ублажување на потенцијалните негативни последици“, се наведува во соопштението на СЗО. СЗО пред […]

Свет

Во тек изборот за екипаж за „Артемис 2“

Во првата половина на оваа година, НАСА ќе го избере екипажот од четири лица за својата програма „Артемис“ за праќање на астронаути на Месечината, првпат по 50 години. Закажана за 2024 година, „Артемис 2“ ќе биде првата мисија на програмата, со цел заобиколување на Месечината со летало и посада, летајќи подалеку во вселената од кој […]

Свет

Падна авион Ф-4 на грчката воена морнарица

Авион Ф-4 фантом на грчката воена морнарица, утрово паднал во Јонското море, а во тек е потрага по двајцата пилоти, објавија грчките медиуми. Според новинската агенција АНА-МПА, авионот што полетал во 10.15 часот утрово од градот Андравида во северозападниот дел на Пелопонез, се урнал во морето за време на едукативен лет. (МИА) Фото: АНА-МПА

Свет

Над 90 лица повредени во експлозија во џамија во Пакистан

Најмалку 90 лица се повредени во денешната експлозија во џамија во северозападниот пакистански град Пешавар, соопшти локалната полиција. Експлозијата се случила во џамија каде што голем број луѓе се собрале на молитва, изјави полицискиот претставник Сикандар Кан. – Дел од зградата се урнал и се верува дека неколку луѓе се под неа, додаде тој. Мухамед […]

Свет

Џонсон: Путин ми се закани со ракетен напад пред нападите

Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин му се заканувал со ракетен напад во текот на вонреден телефонски разговор пред рускиот напад врз Украина во февруари минатата година. Џонсон, во документарец на Би-Би-Си за разговорите на Путин со светските лидери, рече дека Путин му рекол дека таков ракетен […]