ТОА ШТО ГО ИМА ПОД РАСПАРЧЕНОТО ТЛО Е ЗАСТРАШУВАЧКИ – жителите на овој турски град уште долго нема да спијат мирно (ВИДЕО)

По разорните земјотреси во Турција тлото не мирува со денови, само вчера беше почувствуван нов потрес од 5,7 степени по Рихтер.

Во меѓувреме додека се бројат жртвите и се расчистуваат срамнетите со земја згради и куќи се појави и видео снимка од пукнатините на земјата на тротоарите и зелените површини во областа Искендерун во Хатај.

Во оваа област за среќа немаше оштетен ниту срушен ниту еден објект, но има видливи оштетување на инфраструктурата и земјата.

Крајбрежјето покрај морето е целосно оштетено и распукано, додека почвата е распарчена на делови а тоа што го има под неа ги вознемирува жителите на ова место секојдневно.

Имено од под земјата излегува вода и кал, па поради безбедноста од „проголтување“ на цело тло стравуваат секојдневно речиси сите кои живеат во близина на обалата и морето.



ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *