Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот украински колега Володимир Зеленски ќе одат заедно денеска од Париз на самитот на шефови на држави и влади на ЕУ во Брисел, соопшти Елисејската палата. Двајцата лидери ќе го напуштат Париз, околу 08:30 часот и се очекува да пристигнат во Брисел во 10:00 часот. Украинскиот претседател, кој е на […]
Чешкиот олимписки комитет и Владата се произнесоа против идејата за учество на руски и белоруски спортисти под неутрално знаме на Олимписките игри 2024 во Париз. „Руските и белоруските спортисти не можат да учествуваат на Олимписките игри“, се наведува во соопштението на Чешкиот олимписки комитет, во кое се додава дека не постои „ниту една причина“ за […]
Земјотрес со јачина од 4,2 степени вечерва предизвика паника во источните и северните делови на Либан, при што жителите во некои области ги напуштија своите домови и истрчаа на улиците. Либанскиот Национален центар за геофизика соопшти дека земјотресот се случил во 20:58 часот по локално време на околу пет километри од градот Хермел, недалеку од […]
Градски автобус денеска удри во градинка во канадскиот град Лавал, северно од Монтреал, при што загинаа две деца. Шест деца завршија во болница. Возачот на автобусот (51) е уапсен и обвинет за убиство и возење во пијана состојба. Полицијата сè уште утврдува зошто возачот на автобусот удрил во градинката. Градоначалникот на Лавал, Стефан Бојер, рече […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Лондон изјави дека Украина има „многу силен одбранбен пакет од Велика Британија“, од тенкови до обука. – Верувам дека заедно ќе го поминеме овој тежок пат до нашата заедничка победа, изјави тој на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Риши Сунак. – Би сакал да кажам дека овој ден стана […]
Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија вечерва се искачи на 12.049. Вкупниот број доаѓа откако Белите шлемови објавија дека најмалку 1.730 луѓе се убиени на територијата под контрола на опозицијата во северозападниот дел на земјата. Сирискиот министер за здравство изјави за државната новинска агенција Сана дека 1.262 лица загинале во областите во земјата […]
Турција работи на отворање на уште два гранични премини со Сирија за да се овозможи проток на хуманитарна помош во соседната земја, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Тој рече дека оштетувањето на сириската страна од патот што води до граничниот премин, кој е отворен исклучиво за хуманитарна помош како дел од одобрението […]
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја доби наградата за мир на УНЕСКО во Брегот на Слоновата Коска за нејзината одлука да прифати повеќе од 1,2 милиони мигранти во Германија, и покрај притисокот во земјата и европските партнери. Организаторите истакнаа дека Меркел покажала политичка храброст кога Германија ги пречека бегалците кои побегнаа од конфликтите во Сирија, […]
Амбасадорот на Велика Британија во Тирана, Аластер Кинг-Смит најави дека неговата земја ќе прогласи за „персона нон грата“ и други лица во Албанија. Британскиот дипломат додаде дека овие санкции ќе опфатат политичари и бизнисмени кои „негативно влијаеле врз напредокот и демократизацијата на земјата“. – Се сеќавате дека во јули минатата година го најавивме првиот бран […]
Ивица Дачиќ, претседателот на Социјалистичката партија на Србија, изјави дека вчера разговарал со Александар Вучиќ, претседателот на Србија и лидер на Српската напредна партија и дека е договорено продолжување на соработката меѓу двете партии. Дачиќ изјави дека разговорите траеле час и половина и дека е договорено продолжување на соработката и зајакнување на коалицијата СНС и […]