Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес на мрежата Икс изјави дека работи со данската премиерка Мете Фредериксен за зајакнување на одвраќањето и одбраната на Арктикот. Како што претходно беше наведено, состанокот меѓу Руте и Фредериксен ќе се одржи денес во контекст на плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за стекнување на островот, кои предизвикаа […]
Не можеме да прифатиме дека законот на најсилниот преовладува над правата на најслабиот, бидејќи меѓународните правила не се опционални, а сојузите не можат да се сведат на низа трансакции, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, на седница на Европскиот парламент. Коста рече дека членовите на Европската унија (ЕУ) се обединети околу принципите на […]
Најголемиот синдикат на машиновозачи во Шпанија денес повика на национален штрајк за да побара гаранции за безбедноста на професијата, по двете смртоносни железнички несреќи. Најмалку 42 лица загинаа во судир меѓу два воза во јужна Шпанија, а машиновозач загина утрово кога воз излета од шините во близина на Барселона. Патничкиот воз излета од шините откако […]
„Кога ни оди добро, сите се добри, кога ни оди лошо, сите вие паѓате со нас“, рече американскиот претседател Доналд Трамп во Давос, Швајцарија. „Им се обраќам на пријатели и на некои непријатели. Доаѓам од Соединетите Американски Држави со одлични вести. Вчера беше првата годишнина од мојата инаугурација, економијата, приходите, продуктивноста, сè расте. Инфлацијата е […]
Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор на економскиот форум во Давос, повтори дека го сака Грендланд, бидејќи како што вели, тоа парче мраз му е потребно за безбедноста на светот. Порача дека секоја земја членка на НАТО мора да е способна да ја брани својата територија, а таков не е случајот со Данска и […]
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да воведува царини поврзани со Гренланд, по, како што кажа, „многу продуктивниот состанок“ со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп напиша дека „тие воспоставија рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. „Врз основа на […]
Два нафтени танкери запленети од американските сили претходно овој месец како дел од мерките против извозот на венецуелска нафта беа повторно видени во близина на Порторико во среда, потврдија за Ројтерс сведок и податоци за следење на бродот. Станува збор за супертанкерот М Софија, запленет на 7 јануари додека превезувал венецуелска нафта, и помалиот танкер […]
Службите за итни случаи на Нов Зеланд бараат неколку лица, вклучувајќи и едно дете, за кои се верува дека се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето погоди камп во планината Маунгануи. Силни бури предизвикаа широка штета низ Северниот Остров, а пет региони се прогласени за вонредна состојба по неколкудневните рекордни врнежи од дожд, објавува […]
Над 100 возила беа вклучени во масовен верижен судир на замрзнат автопат во американската сојузна држава Мичиген. Поради несреќата, полицијата ги затвори двата правци на автопатот 196, додека надлежните служби работат на отстранување на возилата. Во верижниот судир учествувале и повеќе од 30 камиони.
Уште не пристигнат, американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги разбранува страстите на глобалните лидери на официјалниот старт на Светскиот економски форум во Давос. Елитниот собир со рекорден број на шефови на држави и извршни директори на најголемите светски компании кој годинава е под мотото „Дух на дијалог“ засенет од Трамп и вербалните војни, закани за […]