Претседателот на САД, Доналд Трамп, го предупреди Иран дека неговите сили ќе бидат „збришани од лицето на земјата“ доколку се обидат да таргетираат американски бродови кои обезбедуваат придружба на пловила низ Ормутскиот Теснец во рамки на проектот „Слобода“. Во меѓувреме, германската морнарица го пренасочи логистичкиот брод „Мозел“ од Егејското во Средоземното Море, како подготовка за […]
Во текот на 2024 година, полициските служби низ Европската унија регистрирале повеќе од 256.000 кривични дела поврзани со сексуално насилство, од кои 38 проценти се однесуваат на силување. Во споредба со 2023 година, бројот на вакви дела се зголемил за пет проценти, додека бројот на силувања пораснал за седум проценти. Овие податоци на Евростат се […]
Претседателскиот кабинет на Јужна Кореја денеска расправаше за одговорот на Сеул по пожарот што избувна по експлозија на товарен брод управуван од голема јужнокорејска бродска компанија во Ормускиот Теснец. Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Јужна Кореја да се приклучи на мисијата предводена од САД во оваа стратешка поморска рута, јавува Anadolu. […]
Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, поранешниот водач на картелот Синалоа, испратил ново писмо до судијата Брајан Коган во кое бара екстрадиција во Мексико. Некогаш најбараниот човек во светот, во писмото инсистира на „еднаков третман според законот“ во неговиот случај и бара да му се суди во татковината за обвиненијата што сè уште се отворени против него. […]
Најмалку 26 лица загинаа во експлозија во кинеската покраина Хунан. Властите денеска на прес-конференција соопштија дека 61 лице е повредено, пренесува Синхуа. Градоначалникот на Чангша, Чен Бочанг, изрази сочувство до семејствата на жртвите и упати извинување до погодените жители и до целото општество. Експлозијата се случила во фабрика на компанијата „Хуашенг“ за производство и подготовка […]
Европската Унија најавува нова регулатива која ќе донесе промени во начинот на онлајн купување, особено кај евтините пратки што секојдневно пристигнуваат од глобалните е-трговски платформи. Од 1 јули 2026 година, ќе се применува фиксна царина од три евра за сите пратки со вредност под 150 евра. Оваа категорија во моментов опфаќа најголем дел од онлајн […]
Европската Унија е „подготвена за секој сценарио“ доколку Доналд Трамп еднострано ги зголеми царините за европските автомобили, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Нејзината реакција следи откако американскиот претседател минатата недела изненадно се закани дека ќе ги зголеми царините од 15 на 25 проценти, тврдејќи дека ЕУ не го почитува постојниот договор, […]
Со приближувањето на летната туристичка сезона, повторно во фокус се наоѓа новиот систем за влез и излез од Европската Унија – EES (Entry/Exit System), кој се очекува да донесе промени во граничните процедури за патниците од земјите надвор од ЕУ. Иако засега нема официјална одлука за негово целосно суспендирање за граѓаните на Србија, се очекува […]
Во текот на комеморацијата за жртвите од масовното пукање во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, денеска врз собраните граѓани била фрлена пиротехничка направа. Инцидентот се случил додека голем број граѓани се собирале пред училиштето за да им оддадат почит на жртвите на третата годишнина од трагедијата, што предизвикало краткотрајна паника и метеж, пишува Nova.rs. По […]
Бугарски државјанин е осуден во Солун, Грција, поради илегална продажба на куче. Судот му одреди казна затвор во траење од 18 месеци, која може да биде заменета со парична санкција од 10 евра по ден. Покрај затворската казна, наметната му е и дополнителна парична глоба во вкупен износ од 13.500 евра. Како дошло до апсењето? […]