Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, предизвика широки реакции со новата објава на платформата „Truth Social“ во вторник, тврдејќи дека неговата улога е клучна за опстанокот на НАТО. Трамп напиша дека „ниту една личност или претседател, не направил повеќе за НАТО од претседателот Доналд Трамп“, додавајќи дека без негова интервенција, трансатлантскиот воен сојуз повеќе […]
Неколку вагони од метрото во германскиот град Хамбург излетаа од шините вечерва. За среќа, немало патници, а на лице место се протипожарните и полициските екипи, јавува Билд. Несреќата се случила на станицата Билштет, откако возот се судрил со тампон за стоприрање на пругата за враќање назад, односно во делот каде возовите вртат за обратен правец. […]
Се зголемуваат цените на бензините и дизелот, објави Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од утре цената на бензините Еуросупер 95 и 98 и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари за еден литар, а цената на Еуродизел се зголемува за два денари за […]
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува облачно време со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
На 20 јануари 2026 година, во 00:10 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 35-годишно лице поради нарушување на јавниот ред и мир. Според информациите, лицето во зграда на истата улица се однесувало агресивно и непристојно, со што предизвикало вознемирување на граѓаните. По извршеното алкотестирање, кај него биле […]
При контрола на автомобил кој се пријавил за влез во држвава на граничниот премин „Ќафасан“, кај совозачот биле пронајдени непријавени 20 илјади евра. – Според Законот за девизно работење на странката и се вратени 10 илјади евра, а остатокот од 10 илјади евра се привремено задржани, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Во рамките на проектот „Справување со загадување на воздухот – фаза 2“, финансиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а имплементиран од Одделението за локален економски развој (ЛЕР) при Општина Струга, набавен е нов камион цистерна за миење и чистење на улици, наменет за потребите на ЈП „Комунално“ – Струга. Со оваа инвестиција […]
Регионалните власти во Андалузија се соочуваат со огромен притисок поради размерите на тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на местото Адамус, изјави претседателот на Андалузија, Хуан Мануел Морено. Тој оцени дека станува збор за „досега незабележана катастрофа“ која ги надминала капацитетите на локалната администрација. Морено ја нагласи потребата од целосна координација меѓу […]
Златото и среброто достигнаа нови рекордни максимуми само неколку дена откако ги соборија претходните рекорди. Инвеститорите бегаат во безбедни засолништа бидејќи геополитичките и економските перспективи нагло се влошуваат. Денес, цената на златото за испорака во февруари се зголеми за 1,71% на 4.674,20 долари за унца (околу 31,1 грама), додека спот цената на златото скокна на […]
Шестгодишно девојче е единственото преживеано од четиричлено семејство по тешката железничка несреќа што се случи вчера во јужна Шпанија, соопштија локалните власти во покраината Уелва. Во несреќата животот го загубиле брачен пар од Пунта Умбрија, нивниот 12-годишен син и еден нивни роднина, додека најмладата ќерка успеала да преживее. Според сведоштва од жителите на местото Адамус, […]