Данската премиерка Мете Фредериксен денеска остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата закана за воведување нови царини во спорот околу Гренланд, истакнувајќи дека Европа нема да попушти на притисок. „Ние не ја бараме оваа конфронтација“, изјави Фредериксен за данската новинска агенција Ritzau, додавајќи дека ја поздравува поддршката и сигналите од другите европски земји. […]
Најмалку седум лица загинаа, а неколку други беа повредени во недела попладне откако два брзи возови излетаа од шините во близина на Адамуз во шпанската покраина Кордоба. Според извори од Цивилната гарда, возот Ирјо излетал од шините и удрил во воз на Алвија што се движел по соседната пруга. Железничкиот оператор „Адиф“ објави дека возот […]
Во судар на два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба во Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени. Трагичната несреќа се случила кога еден воз излетал од шините и преминал на соседниот колосек. Несреќата се случила околу 19:40 часот кога трите последни вагони од возот на компанијата „Iryo“, кој […]
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека Данска не направила ништо за да ја отстрани „руската закана“ од Гренланд и порача: „Сега е време и тоа ќе биде направено!“ „НАТО веќе 20 години и укажува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска во тој поглед не успеа […]
Две лица загинаа во пукањето што се случи во Чешка. Според првичните информации, жена е убиена во градското собрание во местото Чржибска, а најмалку четири лица се повредени. Полицијата го убила напаѓачот. Полицијата објави на социјалната мрежа X за интервенцијата. Прво напишаа дека сите расположливи сили се упатуваат кон местото Чржибска по пријавата за пукање […]
ООУ „Мурат Лабуништи“ Ве известува дека најдоцна до денес до 12:30 часот е потребно да се одстранат сите автомобили од школскиот двор, поради затварање на вратата од училишниот двор по повод започнувањето на второто полугодие. Ви благодариме на разбирањето и соработката.
Последниот сигнал беше снимен во сабота попладне по локално време, 20 километри североисточно од аеродромот во близина на Макасар на островот Сулавеси. Индонезискиот авион ATR 42-500 исчезна од радарот во саботата, откако последниот контакт со него беше снимен во 13:17 часот по локално време. FlightRadar24 објави во саботата дека ги следи извештаите на локалните медиуми […]
Силна снежна бура ја зафати руската област Камчатка, при што снежната покривка на одредени места достигна и до три метри. Поради екстремните временски услови, сообраќајот е значително отежнат, а дел од патиштата се затворени. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на снегот, додека жителите се повикани да избегнуваат непотребни движења и да […]
На аеродромот во Нук, Гренланд слета воен транспортен авион на кралската војска на Данска. Со авионот пристигнаа и неколку војници. Каква опрема носат засега не е познато, иако пораките се дека ова е извидничка мисија, која уште ја нарекуваат воена вежба. Во заливот во Нук, забележан е и воен брод на данската војска. Данска потврди […]
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд. „Би можел да воведам царини за земјите ако не се согласат со Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса за рурално здравје во […]