Во Техеран, главниот град на Иран се одржа голема погребна поворка за припадници на безбедносните сили и цивили убиени за време на последните немири, кои властите ги припишуваат на „терористи“. На погребната церемонија присуствуваа високи функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Сејед Абас Арагчи, како и граѓани кои носеа национални знамиња и фотографии […]
Мексико денес беше погодено од земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 45 километри од Акапулко. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Со извици „Надвор мафијата“, „Само електронско гласање“ и „Нема да дозволиме да нè измамат“ – илјадници граѓани на Бугарија му пркосеа на студот протестирајќи со барање за фер избори, додека земјата се движи кон осми избори во последните пет години. Демонстрантите инсистираат на фер избори и велат дека одбивањето на владата во заминување да воведе […]
Бугарскиот претседател Румен Радев денес изјави дека во таа земја ќе се одржат вонредни парламентарни избори откако водечките партии одбија мандат за формирање влада. Денес, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но и таа партија го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа […]
За време на неодамнешната посета на Јапонија, јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг и подари на јапонската премиерка Санае Такаичи сет тапани произведени во Јужна Кореја, соопшти претседателскиот кабинет. Такаичи е позната по тоа што свирела тапани во хеви метал бенд како студентка, а претседателскиот кабинет соопшти дека тапаните се „централен инструмент за поставување на ритамот“ и […]
Густи облаци солзавец го покриваат историскиот Голем пазар во Техеран, додека демонстрантите се обидуваат да ја напуштат областа. Безбедносните сили употребија солзавец за да ги растераат демонстрантите. Истиот ден, иранското разузнавање соопшти дека уапсило клучни лица осомничени за организирање на немирите. Иранската државна телевизија за првпат го призна високиот број жртви, цитирајќи функционер кој изјави […]
Германската авио-компанија Луфтханза им наредила на своите вработени да се подготват за напуштање на Израел и соопштила дека од утре ќе ги откаже сите летови кон и од земјата, пренесува израелскиот Канал 12. Засега не е познато поради што ќе се откажат летовите и ќе се повлече од една од редовните рути на компанијата, пренесува […]
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека САД имаат „многу добри односи со Данска“, но додаде и дека Гренланд е стратешки важен за Америка. „Ни треба Гренланд. Не можам да се потпрам на Данска“, рече Трамп. Претседателот на САД изрази верување дека ситуацијата „некако ќе се реши“, пренесува Ројтерс.
Обединетото Кралство привремено ја затвори својата амбасада во Техеран и ги евакуираше вработените, додека Италија и Полска ги повикаа своите граѓани да го напуштат Иран, наведувајќи ги растечките безбедносни ризици додека властите се справуваат со најлошите немири во земјата поради заканите за интервенција на САД. „Привремено ја затворивме британската амбасада во Техеран, која сега ќе […]
Сите повредени лица и семејствата на загинатите во пожарот во барот на новогодишната ноќ во ски-центарот Кран-Монтана ќе добијат 10.000 франци (околу 10.740 евра), објавија властите на швајцарскиот кантон Вале. „За секоја жртва што била хоспитализирана или починала ќе биде обезбедена паушална сума од 10.000 швајцарски франци“, објавија властите на овој швајцарски кантон. Во соопштението […]