Зимското невреме, проследено со ледена бура, вчера парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1.700 летови низ земјата, запирање на сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас и предизвикувајќи сериозни сообраќајни несреќи во Тексас, сојузна држава што не е навикната на мраз. Додека ледената бура вчера се движеше кон исток, од западен Тексас […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег, изјави дека е тажен поради смртта на недолжните палестински цивили во израелско-палестинското насилство. „Дозволете ми на почетокот да изразам сочувство и тага поради смртта на недолжните палестински цивили кои ги загубија животите во ескалацијата на насилството во […]
Работниците во неколку компании од технолошката индустрија Финска ќе штрајкуваат од денеска до петок, бидејќи не е најдено решение за спорот околу платите, најавија работодавците во индустријата. Во соопштението се наведува дека штрајкот ќе погоди 20 фирми кои вработуваат 11.000 работници, пренесува Еурактив. Неуспешните преговори за платите меѓу претставниците на работодавачите и синдикатите во технолошкиот […]
Цените на нафтата пораснаа рано денеска поради знаците за забавување на инфлацијата во САД, намалувајќи ги стравувањата на аналитичарите дека најголемиот светски потрошувач на нафта може да се соочи со рецесија поради дополнителното зголемување на каматните стапки, а послабиот долар поддржа одреден интерес за купување нафта, пренесе Ројтерс. Фјучерсите на северноморската нафта брент поскапеа за […]
Во Австралија е пронајдена исчезнатата мала радиоактивна капсула, што исчезна минатата недела, а бидејќи е многу мала, се вели дека се бара игла во стог сено. Капсулата ја изгубила рударската компанија „Рио Тинто“. Станува збор за компанија која на тамошната јавност и е позната поради бизнисот во Србија, а поради која минатата година имаше големи […]
Тројца американско-хаитски државјани и еден Колумбиец вчера беа екстрадирани во САД поради нивната вмешаност во атентатот на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз во јули 2021 година, соопштија американските власти. Четворицата мажи, кои беа во притвор на Хаити, денеска ќе бидат изведени пред федерален судија во Мајами, кој ќе им го прочита обвинението, се вели во […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање до сонародниците изјави дека уште не завршил со смените на високи функционери и дека секој што не работи според строгите стандарди ќе биде отпуштен. Британските медиуми пренесоа дека Зеленски минатата недела одговори на извештаите за корупција, 11 месеци по почетокот на војната, отпуштајќи повеќе од […]
Погребот на Афроамериканецот Тир Николс, жртва на полициско насилство во САД, ќе се одржи денеска во Мемфис. На погребот ќе присуствува и американската потпретседателка Камала Харис. Сè укажува дека настанот ќе добие политичка димензија, а адвокатот на семејството на Тир Николс, Бен Крамп треба да „повика на акција“ против полициското насилство. Се очекува и доаѓањето […]
САД додадоа седум ирански ентитети во својот список санкции кои се поврзани со производството на дронови што Русија ги користи во своите удари во Украина, соопшти американското Министерство за трговија. Меѓу оние во американскиот „црн“ список на ирански организации се структури поврзани со разработка и производство на мотори за авиони, воено-космичките сили на Корпусот на […]
САД денеска соопшти дека Русија не го почитува договорот „Нов СТАРТ“ (Strategic Arms Reduction Treaty) од 2010 година, последниот договор за нуклеарно разоружување што ги поврзува. Американскиот Стејт департмент ја критикуваше Москва за прекин на инспекциите и откажување на преговорите според договорот, но не ја обвини за проширување на својот нуклеарен арсенал над договорените граници. […]