Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Калифорнија во посета на областите погодени од серијата бури што предизвикаа огромни поплави, соборени дрвја и предизвикани одрони. Бајден слета во Санта Клара придружен од шефицата на Федералната агенција за вонредни состојби (ФЕМА), Дина Крисвел, а потоа со хеликоптер направи обиколка на други локации погодени од невремето јужно од […]
Поради силен дожд и излевање на реки, вонредна состојба е прогласена во пет општини во Србија: Пријепоље, Сјеница, Нови Пазар, Брус и Тутин. Најдраматично е во Нови Пазар, каде полицијата, пожарникарите и спасувачите цел ден трагаа по двајца постари мажи, кои околу 11 часот влегле во надојдената Трнавица. Несреќата се случила кога соседите се собрале […]
САД објавија нова програма за прием на бегалци со која ги повикуваат Американците да ја спонзорираат за да го зголемат бројот на приеми во земјата. Американските граѓани за првпат ќе можат директно да го спонзорираат приемот на бегалци во САД, покрај здруженијата и невладините организации. – Welcome Corps е најголемата иновација во приемот на бегалци […]
Информатичкиот дефект што го принуди американското регулаторно тело за цивилно воздухопловство (ФАА) привремено да ги прекине домашните летови во САД на 11 јануари, е предизвикан од подизведувач кој случајно избришал датотеки, соопшти ФАА. Агенцијата веќе го припиша дефектот, поради кој на 11 јануари беа откажани или одложени илјадници летови, на оштетување на датотеката со база […]
Во Црна Гора денеска е потврден првиот случај на зараза со подсојот на омикрон XBB.1.5 (кракен), соопшти Институтот за јавно здравје. Со тоа, како што се наведува во соопштението од Институтот, Црна Гора се приклучи на листата на земји каде е регистрирана мутација на високо заразниот сој. XBB.1.5. е нова подваријанта на омикрон создадена со […]
Православниот празник Богојавлние-Водици денеска беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија. Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилек се упатија […]
Поради обилните врнежи во Република Српска поплавени се земјоделските површини и градската плажа во градот Зворник. Градската управа на Зворник апелираше до граѓаните до дополнително известување да не се спуштаат на шеталиштето покрај реката Дрина и да се држат настрана од надојдениот водотек. Протокот на реката Дрина кај хидроцентралата Мали Зворник во 07:00 часот изнесувал […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на денешното видео обраќање на Светскиот економски форум во Давос рече дека не е „сосема сигурен“ дека рускиот претседател Владимир Путин е жив и дека носи одлуки во Русија. „Јас навистина не разбирам со кого да разговарам и за што да разговарам. Не сум сигурен дека претседателот на Русија, […]
Германија на крајот на 2022 година имала најмалку 84,3 милиони жители, според прелиминарните проценки направени денеска од Федералниот завод за статистика од Визбаден, што е повеќе отколку на крајот на некоја година откако се води статистика. Сепак, причината не е позитивен наталитет, туку рекордната имиграција. Споредено со крајот на 2021 година, бројот на жители се […]
Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина денеска по средбата со министерот за внатрешни работи на Финска, Пек Хависта, ги пофали напорите на Хелсинки во контекст на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина. Лајчак на Твитер објави заедничка фотографија со Хависта и порача дека и во иднина смета на поддршката […]