Свет

Европската комисија ги промени правилата за дозволеното количество арсен во

Европската комисија денеска усвои нови правила кои пропишуваат помали дозволени количини арсен во прехранбените производи, што е чекор во спроведувањето на европскиот план за борба против ракот со ограничување или елиминирање на канцерогените хемикалии во храната. -Денеска преземаме дополнителни мерки за натамошно намалување на ризикот од изложеност на канцерогени загадувачи од нашиот синџир на исхрана. […]

Свет

Пронајден е мртов научникот кој ја развивал вакцината „Спутник“

Рускиот виролог Андреј Ботиков, кој помогна да се развие вакцината „Спутник V“ против коронавирусот, е пронајден убиен во неговиот дом во Москва, јавуваат медиумите. Ботиков бил еден од 18-те научници кои учествувале во развојот на вакцината „Спутник V“ во Националниот истражувачки центар „Гамалеја“. Властите отворија истрага за убиството, а веќе е приведен и осомничен 29-годишен разбојник […]

Свет

Гутереш: Да го уништиме нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје пред

Да го уништиме нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје пред да не уништаи нас, изјави генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш. Упатувајќи порака по повод 5 март, Меѓународниот ден на свеста за разоружувањето, Гутереш истакна дека глобалните воени трошоци достигнале рекордно ниво. Тој истакна дека оваа ситуација го зголемува ризикот од конфликт поради зголемената […]

Вести

СЗО ги повика САД да споделат податоци за потеклото на

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земји да ги споделат своите информации за потеклото на коронавирусот, откако американските власти оценија дека инцидент во лабораторија што ја предизвика пандемијата. Последните денови потеклото на пандемијата на коронавирусот повторно го привлече вниманието на светот. -Ако некоја земја има информации за потеклото на пандемијата, од суштинско значење […]

Свет

Украина соборила руски воен авион

Украинската армија тврди дека денеска соборила руски ловец-бомбардер од типот Су-34 во Доњецката област, а Русија потврди соборување на авион и додаде дека „двајцата пилоти се катапултирале“, но не прецизираше чиј е авионот, ниту за каков модел станува збор. Како што соопштија украинските воздухопловни сили, руски борбен авион се урна на истокот на Доњецк, погоден […]

Балкан

Албанија: Апелација ја поништи одлуката, печатот на ДП го доби

Апелацискиот суд во Тирана вечерва соопшти дека ја поништил одлуката на Основниот суд, со која се даваше право печатот на опозициската Демократска партија да го користи групата на Сали Бериша. Со оваа одлука, ова право се враќа на демократите предводени од Енкелед Алибеај, кој по оставката на Љуљзим Баша, е вршител на должноста претседател на […]

Вести

ОН: Најмалку 2.940 луѓе се убиени во Мјанмар по воениот

Од воениот удар во Мјанмар во февруари 2021 година, досега се убиени најмалку 2.940 луѓе, изјави Равина Шамдасани, портпаролка на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации. Во Канцеларијата на ОН во Женева се одржа неделна прес-конференција на која се разговараше за ситуацијата во Мјанмар. Шамдасани рече дека е објавен последниот извештај за Мјанмар […]

Вести

Во Индонезија 14 загинати во пожар во складиште за гориво

Најмалку 14 лица загинаа, а неколку десетици се повредени откако денеска изби пожар во државно складиште за гориво во Џакарта, што пожарникарите успеаја да го стават под контрола, соопшти индонезиската војска. Отворена е истрага за причините за пожарот, кој избувна по 20 часот по локално време во објектите на националната нафтена компанија Пертамина, изјави началникот […]

Вести

Идентификувани 54 од 57 загинати во железничката несреќа во Грција

Од направените ДНК анализи и испитувањето на добиените примероци идентификувани се 54 жртви од железничката несреќа во Грција, согласно последните официјални податоци соопштени од портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду. Во однос на процесот на информирање на роднините на жртвите, Димоглиду објасни дека продолжува од претставници на полицијата и специјални психолози, а на семејството на […]

Вести

Осуден Русин кој се обидел да преплива од Крим до

Врховниот суд на Крим осуди граѓанин на Санкт Петербург на шест години затвор, откако беше прогласен за виновен за предавство затоа што се обидел да преплива од Крим до Одеса и да се приклучи на украинската војска, соопшти прес-службата на судот. Според наводите од обвинителството, 40-годишниот маж од Санкт Петербург се спротивставил на рускиот напад […]