Балкан

Вучиќ и Радев утре ќе го означат почетокот на поврзувањето

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на работите на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, соопшти денеска Кабинетот. Во соопштението се наведува дека по тој повод Вучиќ ќе разговара со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Меѓусистемската гасна врска „Бугарија-Србија“ (ИБС) во Србија ќе биде долга 109 километри, а вкупната […]

Балкан

Белград го објави Извештајот за преговарачкиот процес со Приштина од

Извештајот на српската Влада за преговарачкиот процес со Приштина е доставен до пратениците, соопшти Парламентот во Белград, јавија српските медиуми. „Извештајот за преговарачкиот процес со институциите на привремената самоуправа во Приштина“ што Владата на Србија го достави до пратениците, се однесува на периодот од 1 септември 2022 година до 15 јануари 2023 година, објавен е […]

Свет

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно поради

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, проценуваат експертите и додаваат дека британскиот БДП би бил четири отсто поголем доколку Велика Британија останеше во ЕУ. Ефектите од Брегзит опфаќаат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави Блумберг по повод утрешната трета […]

Свет

Протести во Франција поради најавената пензиска реформа

Во Франција денеска повторно се очекува бран протести поради најавената пензиска реформа со која се предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, а штрајкот што е во тек веќе влијае на производството на струја, јавниот превоз и наставата во училиштата. Синдикатите, кои закажаа протести низ целата земја, очекуваат голем одѕив, […]

Свет

Столтенберг: За одбрана на демократијата потребни се посилни партнерства

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска повика на поцврсти врски со Јапонија, бидејќи руската војна против Украина ги зголемува глобалните опасности и покажува дека на демократиите им се потребни посилни партнерства. „Војната во Украина, исто така, покажува дека нашата безбедност е тесно поврзана. Ако претседателот (Владимир) Путин победи во Украина, тоа ќе биде трагедија […]

Свет

Морето исфрли угинат кит на брегот кај Њујорк

Откако 14 грбави китови (Megaptera novaeangliae), беа пронајдени угинати и насукани на источниот брег на САД од 1 декември 2022 година, сега уште еден се појави во Њујорк. Станува збор за грбав кит долг 7,6 метри. Ова е првиот насукан во оваа област последниве пет години, а и убедливо најголемата единка oд оние забележани подолго […]

Балкан

Продолжува потрагата по пилотот на грчкиот воен авион

Потрагата по пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воена морнарица што вчера се урна во Јонското море, траеше во текот на ноќта, а продолжува и денеска, објави грчката државна телевизија „ЕРТ“. Несреќата се случи вчера наутро, од засега непознати причини, а животот го загуби 29-годишниот копилот, чие тело беше пронајдено вчера. Во потрагата по […]

Свет

Франција и Италија купуваат 700 противвоздушни ракети од среден дострел

Франција и Италија денеска потпишаа договор за купување на околу 700 противвоздушни ракети со среден дострел „Астер“ од конзорциумот „Еуросам“, соопшти француското Министерство за надворешни работи. „На 30 декември двете држави испратија договор до француско-италијанскиот конзорциум „Еуросам“ за производство на околу 700 ракети Астер“, се наведува во соопштението што го пренесе агенцијата Анадолија. Според договорот, […]

Свет

Запалени знамиња на Шведска, Данска, Холандија пред шведската Амбасада во

Неколку стотици муслимани во Индонезија се собраа пред шведската Амбасада во Џакарта во знак на протест против палењето на копии на Куранот во Шведска и Холандија. По тој повод демонстрантите ги запалија портретите на данскиот антиисламски активист Расмус Палудан, како и знамињата на Шведска, Данска и Холандија. Локалните власти ги блокираа улиците што водат до амбасадата, каде што беа […]

Свет

ММФ ги зголеми изгледите за глобалниот раст за годинава

Меѓународниот монетарен фонд денеска малку ги зголеми изгледите за глобалниот раст во 2023 поради „изненадувачките отпорни“ побарувања во САД и Европа, пониските трошоци за енергија и повторното отворање на кинеската економија откако Пекинг ги ублажи строгите ограничувања за Ковид-19. ММФ соопшти дека глобалниот раст сепак ќе падне на 2,9 отсто годинава од 3,4 отсто во […]