Бачовски: Исплатени дополнителните директни плаќања запредадени јаболка во регистрирани откупувачи илипреработувачки капацитети за период 2022-2023 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја
реализраше исплатата за дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупен
или преработувачки капацитет со што со финансиска поддршка се стекнаа 1955
земјоделски стопанства во вкупна вредност од 203.3 милиони денари.

Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделските стопанства кои се
корисници на мерката за оддржување на постоечки јаболкови насади и кои оствареното
производство на јаболка во период од 15 септември 2022 година – 15 мај 2023 година го
имаат предадено кај регистрирани преработувачки капацитети или кај регистриран
откупувач – запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм.
,,По завршувањето на аплицирањето за дополнителната мерка од 3 денари / кг
предадено јаболко, Агенцијата успешно ги заврши админситративните контроли на
пристигнатите апликации и контролите на лице место кај откупните претпријатија по што
денес се реализира и самата исплата. Дополнително, пред крајот на 2023 година сите
јаболкопроизводители ги добија авансните исплати на директните плаќања за
оддржување на овошно насади и добија финансиска поддршка од 12.000 денари / хектар
– истакна директорот Бачовски.

Поддршката за јаболкопроизводителите продолжува и во 2024 година. Во
програмата за финансиска поддршка на земјоделството е предвидена мерка со која ќе
бидат опфатени сите јаболкопроизводители кои во периодот од 15 септември 2023
година – 15 јануари 2024 година го имаат предадено своето производство во
регистрирани откупувачки или преработувачки капацитети.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ