Боинг го произведе последниот „747“ авион

Илјадници работници на „Боинг“ од целиот свет, како и гости меѓу кои и холивудскиот глумец Џон Траволта, присуствуваа на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „747“ произведен во фабриката на авиокомпанијата северно од Сиетл, САД.

Џон Траволта, кој е обучен да управува со „Боинг 747“, како и со „707“ и „737“, одржа говор и го опиша своето искуство со летањето такви авиони… За нив тој рече дека тие се меѓу најбезбедните авиони кога било создадени.

Последниот „747“ е испорачан на компанијата „Атлас ер“.

Тој, инаку, се произведува од 1968 година и направи револуција во превозот на патници со двојно зголемување на бројот седишта – на 400, во споредба со претходниот „Боинг 707“.

Во текот на пет децении, Боинг изгради 1.574 авиони „747“, за повеќе од 100 клиенти. Последната верзија „747-8“, ќе лета на небото уште неколку години, пред сѐ во товарниот сообраќај.

Инаку, во подготовка е моделот „Боинг 777Х“, што треба да го замени познатиот „747“, но тој на пазарот нема да се појави уште најмалку две години.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *