Силните врнежи и екстремните количини дожд што ја зафатија Хрватска предизвикаа поплави, водени бујици и одрони на повеќе патишта во Горски котар и Хрватското приморје. Сообраќајот на овие делници се одвива отежнато, а коловозите во голем дел од земјата се мокри и лизгави. Поради лошите временски услови во прекин се повеќе траектни и катамарански линии: […]
Силно невреме го погоди подрачјето на Мостар во текот на ноќта, предизвикувајќи значителна материјална штета, јавува Анадолу. Утрово на улиците на Мостар може да се видат искорнати дрвја, од кои некои паднале врз паркирани возила. Бурата беше проследена со дожд и силен ветер што одеднаш го погодија Мостар. Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа дрвја […]
Иако на Балканот главно во изминатите денови има пеколни температури, сепак, во Словенија температурите паднаа толку ниско што придонесе и за снег во јули. Снег заврна на надморска височина од 2.200 метри, објави Словенечката агенција за животна средина (АRSO). Снимките од метеоролошките камери на Кредарица и Канин јасно го покажуваат првиот јулски снег, а на […]
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Албанија денеска, а беше почувствуван и во Црна Гора. Земјотресот, на длабочина од десет километри, е регистриран осум километри североисточно од градот Шијак. Се почувствувал и во Будва, Игало и Херцег Нови. „Ужас, траеше околу 15 секунди“, пишува лице кое го почувствувал потресот, на веб-страницата на Европскиот […]
Нереалното видео, наводно настанало во Црна Гора, а станало вистински хит на социјалните мрежи, сето тоа поради еден џентлмен којшто одлучил да влезе во подземен контејнер за да ѝ помогне на несреќната девојка. На видеото кое е објавено на Инстаграм страницата „Podgorički vremeplov“ се гледа како повозрасен маж става висока скала во подземен контејнер, додека […]
Во Словенија е регистриран првиот смртен случај предизвикан од каснување од поскок по повеќе од три децении, јавуваат словенечките здравствени власти. Како што пренесува хрватскиот портал „Дневник“, инцидентот се случил во понеделникот навечер кога 80-годишна жена била касната од змијата за раката. – Раката ѝ отекла, а по околу 20 минути одење изгубила свест. Откако […]
Ученик во втора година од средното училиште „Муза Ќазим Ќатиќ“ од Олов, БиХ, почина повеќе од четири дена откако беше хоспитализиран со тешки повреди. Тој задобил повреди откако врз него паднала конструкција од гол, во спортско-рекреативниот центар Ајдиновиќи. Несреќата се случила за време на училишна екскурзија на Спортско-рекреативниот центар „Ајдиновиќи“ на 29. мај. Според порталот […]
Во Хераклион, небото доби портокалова нијанса, а видливоста беше значително намалена. Воздухот беше густ и тежок, што ги натера властите да им препорачаат на граѓаните, особено на постарите и на лицата со респираторни заболувања, да останат во затворени простории. Во последните 24 часа, Крит доживеа необичен и драматичен природен феномен – огромен бран прашина од […]
Во Албанија, трендот на зголемување на бројот на туристи продолжува, достигнувајќи 2,45 милиони во првите четири месеци од оваа година. Премиерот Еди Рама ги објави овие податоци во пост на Фејсбук, нагласувајќи дека само во април, 820 илјади странски гости ја посетиле Албанија. „Во Албанија, во текот на месец април уживале 820 илјади странски посетители, […]
Царината и полицијата на Хрватска во контејнерскиот терминал Брајдица во Ријека, заплени 85 килограми кокаин скриен во контејнер кој пристигнал во Хрватска од Еквадор преку Малта. Дрогата ќе биде уништена по анализата. Неговата вредност се проценува на 2,1 милиони евра, додека уличната вредност би се зголемила многукратно – 6 милиони евра. За откривањето на дрогата […]