Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит ги повика надлежните институции да ги истражат и гонат лицата кои го негираат геноцидот во Сребреница. „Нема место во цивилизирано општество за глорификација на воените злосторства и негирање на геноцидот“, порача Шмит во објавата на официјалниот Твитер профил на ОХР, откако претседателот на Република Српска Милорад […]
Главниот одбор на Демократската партија на социјалистите (ДПС) денеска ја прифати оставката на претседателот Мило Ѓукановиќ од лидерската позиција во партијата, а за в.д. претседател е назначен Данијел Живковиќ, пишува подгорички „Вијести“. Одлуката е донесена на седница на Управниот одбор во Подгорица. Претходно беше најавено дека освен оставката на Ѓукановиќ, теми на седницата ќе бидат […]
Средните училишта во Грција, како и последните две одделенија од основите училишта ќе добијат интерактивни табли, нова дигитална алатка која ќе помогне во наставата, јави дописничката на МИА од Атина. Планирано е да бидат поставени вкупно 36.000 интерактивни табли, а проектот во вредност од 150 милиони евра е со средства од Фондот за закрепнување на […]
Еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа, кој беше осуден од Специјалниот суд на Косово на 26 години затвор за воени злосторства, киднапирање, тортура и убиства на албански цивили во април 1999 година во селото Злаш, мора да плати вкупно 207.000 евра отштета на настраданите. Советот на Специјалниот суд го прифати предлогот на адвокатите на […]
Повеќе од 150 католички свештеници поврзани со надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребувале над 600 деца и главно не биле повикани на одговорност за злосторството, се наведува во вчера објавениот државниот извештај, со што се открива обемот на злоупотребата во период од 80 години. Извештајот содржи сериозни обвинувања против надбискупијата, најстарата римокатоличка епархија во САД, која […]
Министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија соопшти дека почнува со работа на измените на Законот за заштита на потрошувачите коишто ќе се однесуваат на забраната за продажба на електронски цигари и други производи со или без никотин на малолетни лица. Одлуката е донесена по добиените резултати од истражувањето на Здружението „Родител“ спроведено лани […]
По поразот во неделата на претседателските избори во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска поднесе оставка од функцијата претседател на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС). РТЦГ вечерва соопшти дека в.д. претседател на партијата до конгресот ќе биде Данијел Живковиќ, актуелниот шеф на пратеничкиот клуб на ДПС во црногорскиот парламент. Ѓукановиќ на чело на ДПС е […]
Црна Гора е строго ориентирана кон Запад и ќе продолжи да се спротивставува на оние кои сакаат да го урнат меѓународниот поредок и вредности на кои почиваат демократските држави, изјави шефот на Министерството за одбрана и министер за внатрешни работи Филип Аџиќ. Тој учествуваше на Првата црногорска безбедносна академија за млади, на тема Безбедносната состојба […]
Србија и Косово се обврзаа на Договор за патот кон нормализација и на неговиот Анекс, а Европската унија (ЕУ) очекува и двете страни да ги почитуваат сите обврски и што поскоро да почнат да ги спроведуваат, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел. Тој на својот Твитер профил порача дека […]
Полицаец е уапсен откако пукал во воздух со службениот пиштол во близина на Економскиот факултет во центарот на Атина, откако полициското патролно возило било нападнато од група лица кои претходно палеле канти за отпадоци, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција, група од околу 35 лица, кои излегле од Економскиот факултет, претпладнево запалиле […]