Вторник, 17 ноември 2026 вторник, 17 ноември Струга 15°C Струга 15°C Пријави вест
Балкан

Силен земјотрес на границата меѓу Турција и Грција

Објавено: · 1 мин читање
Силен земјотрес на границата меѓу Турција и Грција

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала се случи ноќеска на границата меѓу Турција и Грција, во близината на Фетије, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот бил почувствуван на грчкиот остров Родос.
Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 30 километри, североисточно од Родос.  
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во блиските турски крајбрежни градови, а многу луѓе биле разбудени од силниот потрес.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.