Во Албанија инфлацијата, покажа знаци на забавување и во февруари годинава, што е четврт месец по ред нивото од кога бележи благо опаѓање. Институтот за статистика (ИНСТАТ) денеска го објави индексот на трошоците на животот, според кој промената на цените на потрошувачката во февруари изнесува 7,1 отсто, наспроти 3,9 отсто колку што изнесувала истиот месец […]
Со 1.787 смртни случаи на 100.000 луѓе, Бугарија е на врвот во однос на смртноста во рамки на Европската Унија, според актуелните податоци на Евростат за 2020 година. По Бугарија следуваат Романија (1.622), Унгарија (1.513), Литванија (1.482) и Летонија ( 1 445). На спротивната страна, како земји со најниски стапки на смртност во земјите на […]
Низа протести и собири ќе се одржат денеска во Атина, но и во останатите грчки градови во рамките на 24-часовен штрајк што го закажаа грчките синдикати поради железничката несреќа со 57 жртви. Штрајкот го закажа синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ), соопштувајќи дека неколкучасовниот прекин во работата за одбележување на Меѓународниот ден на жената, […]
Приватните детективи со полни раце работа во Србија. Србите изнајмуваат приватни детективи за да си ги следат љубовниците дали ги изневеруваат, во своите жените најверојатно имаат полна доверба. „Клиентите најчесто ни се јавуваат кога сакаат да ги проверат своите емотивни партнери. Она што е логично е да се проверуваат сопружниците, но се почесто мажите проверуваат […]
Железничката несреќа со 57 жртви е главната причина одбележувањето на утрешниот Меѓународен ден на жената, синдикатите во Грција да го претворат во 24-часовен штрајк со закажани низа протести. Грција утре ќе биде без бродски и железнички сообраќај, во прекин ќе биде и јавниот превоз во Атина, со исклучок на метрото и трамвајот што ќе работат […]
Поранешниот член на Земунскиот клан, Душан Крсмановиќ, еден од обвинетите за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, излегува на слобода по 20 години затвор, јави денеска телевизијата Н1. Крсмановиќ е уапсен во акцијата „Сабја“, со првостепената пресуда беше осуден на 30 години затвор, но со одлука на Апелациониот суд казната му беше […]
Во гимназија во центарот на Загреб денеска 18-годишник упаднал во училница за време на наставата и со мачета му се заканувал на еден од учениците. По инцидентот, во кој нема повредени, тој побегнал од училиштето. Подоцна полицијата го уапсила сторителот. Директорката на гимназијата за Индекс изјави дека околу 14 часот во училницата во кој биле […]
Бугарските здравствени власти денеска објавија дека оваа година ќе бидат уништени 2,8 милиони дози вакцини против Ковид со поминат рок. Претходно, 2,3 милиони дози вакцини веќе беа уништени во земјата со најниска стапка на вакцинација во ЕУ. Министерот за здравство Асен Меџидиев рече дека Бугарија има премногу вакцини, слаб опфат со вакцинација и дека нема […]
„Безбедноста на железницата е најважна“, напиша Фон дер Лајен на Твитер по разговорот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Тие разговараа за „понатамошна техничка поддршка што ЕУ може да ѝ ја обезбеди на Грција за да ги модернизира нејзините железници и да ја подобри безбедноста на железничкиот сообраќај“, напиша таа. Поради несреќата, во Грција е приведен […]
Данската премиерка Мете Фредериксен, која, е во официјална посета на Тирана, изјави дека Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО. -Албанија е високо ценет партнер за Данска и вие сте многу доверлив сојузник на НАТО. Во време кога Европската Унија е поважна од кога било досега, се надевам дека […]