Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина „на патот кон нормализација на односите“ и нагласи дека страните мора да работат „брзо“ и „со добра волја“ за да ги „материјализираат сите свои обврски од договорот“. „Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја поздравува неодамнешната изјава на ЕУ за договорот меѓу […]
Недостатоци во независноста и интегритетот на судството, недостиг на независни медиуми, и тековната корупција во владата, органите на прогонот и локалните институции се главните проблеми во Албанија во текот на изминатата година, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент. Се додава дека иако Уставот предвидува независно судство, „политичкиот притисок, заплашувањето, корупцијата и ограничените ресурси […]
Францускиот амбасадор во Косово Оливие Геро изјави дека косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ „ќе ги сносат последиците“ доколку не ги почитуваат договорите што ги постигнаа во Брисел и Охрид. „Внимателно ќе го следиме почитувањето на овие договори. Ќе има последици доколку не се почитуваат овие договори, треба да се знае дека […]
Сериозната корупција во Владата, недостиг на истрага и одговорност за родово засновано насилство и насилство или закани врз етничките малцинства и други маргинализирани групи се едни од најсериозните проблеми во Косово, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права. Во извештајот за 2022 година во делот за Косово се споменува дека законот […]
Според реакциите на српската опозиција на догорот меѓу Србија и Косово во Охрид, тој преставува предавство, доведување во заблуда на граѓаните, отварање на пат кон Голема Албанија, а десно ориентираните и проруски партии најавија протест закажан за 24 март, јави дописникот на МИА од Белград. -Вучиќ немилосрдно повторува дека не го потпишал договорот. Нашите граѓани […]
По средбата на високо ниво во рамките на дијалогот Белград-Приштина одржана викендов меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти во Охрид, потпретседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Мајкл Георг Линк ги пофали напорите на ЕУ и САД и постигнатиот напредок во развојот на нормални, добрососедски односи, јави дописникот на МИА […]
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека „Србија на средбата во Охрид успеала да ги заштити своите национални интереси со мудрата политика на претседателот Александар Вучиќ“ и додаде дека „Србија мора да води дијалог и да ги нормализира односите со Приштина, држејќи се до нејзините црвени линии“, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ […]
Дваесет и петгодишен Македонец загинал во сообраќајната незгода што вчера се случила во близина на Врање, пренесуваат српските медиуми. Како што објавија тие, момчето и неговите пријатели биле во кафеана во Врање и тргнале кон Македонија, но по пат се сетиле дека заборавиле мобилен телефон во кафеаната, па се вратиле да го земат. Токму тогаш […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се појави пред медиумите во Белград да појасни дека не го потпишал анексот за спроведување на Договорот за нормализација на односите со Косово, „бидејќи Србија е меѓународно призната држава, додека Косово не е“ затоа, според него, не може да се постигне меѓународен правен договор. „Не потпишав поради неколку работи. Србија […]
Според првичните резултати од денешните претседателски избори во Црна Гора, најголем број гласови освоил досегашниот шеф на државата и кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ 37,2 отсто. На второ место е кандидатот на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ со 26,6 отсто, а трет е кандидатот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ со 19,8 отсто. Алекса Бечиќ од […]