Морам многу да внимавам да изговарам Северна Македонија, за да не настане меѓународен проблем, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан утрово во интервју за унгарското Радио „Кошут“ кое емитува програма од брегот на Охридското езеро. „Порано оваа држава се нарекуваше Македонија, но поради проблемот со Грците мораше да си го сменат името во Република Северна Македонија […]
Страшен и опасен момент доживеале патниците на авионската линија од Приштина за Хамбург, пишува Косова Пресс. Безбедноста на авионот била загрозена од две птици кои влегле во моторот на авионот. Еден од патниците, кој сакаше да остане анонимен, за КосоваПрес изјави дека од Приштина за Хамбург тргнале во 8 часот и 40 минути, но по […]
Невиден дожд во внатрешноста на Задар. На местата околу Обровац, Придража и Новиград, поројната вода ги покри патишта, таверни, визби, градини и маслинови градини. Во текот на целото утро мештаните ја испумпувале водата со помош на пожарникари. Извршени се 23 интервенции. Велат дека вакво нешто ретко се гледа, утрото врнело дожд и тоа само два […]
Попладнево е регистриран земјотрес во соседна Грција. Јачината на земјотресот е 4,6 степени според Рихтер, а епицентарот е 44 км југозападно од Пиргос. Длабочината е 20 километри.
Послаб земјотрес го потресе Сараево изутрината. Како што соопшти Федералниот хидрометеоролошки завод во Сараево, во Центарот за сеизмологија е регистриран во 08:04 часот слаб земјотрес во областа на главниот град на Босна и Херцеговина. Магнитудата на земјотресот била 2,2 степени според Рихтеровата скала , а интензитетот во епицентарот бил III степен според Меркалиевата скала. Бројни […]
Во Босна и Херцеговина падна првиот снег на планините Бјелашница, Јахорина и Влашиќ. До утрово остана само на Јахорина, покажуваат веб-камерите. Според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки завод денеска во БиХ ќе биде претежно облачно. Претпладне се очекуваат врнежи од дожд низ земјата, а на планините можен е и слаб снег. Вака изгледаше Бјелашница синоќа.
Првиот снег од утрово паѓа на Платка, кај Риека, каде има ски-центар со поглед на море, снимен од веб-камерите на DHMZ, а порталот ИстраМета јавува дека можно е да се забележат и највисоките делови на Радешево. Слично е и во Завижан каде температурата на воздухот утринава е 0,1°C, но сè уште нема снег. По вчерашните […]
Студениот бран стигна до северниот дел на Словенија, а во Вршич заврна првиот снег. Вршич е највисокиот патен премин во Словенија. Се наоѓа под истоимениот врв на надморска височина од 1611 метри. Снег падна и во близина на планинарскиот дом Кредарица. А во нашата држава снег падна на Титов врв, планинарите велат дека се очекува […]
Денеска дождовно невреме ја зафати сплитско-далматинската жупанија, па во Макарска за кратко време наврнаа дури 40 мм дожд, што предизвика поплави во некои делови од градот. Токму заладувањето го најавија синоптичарите, па температурите во тој дел на Јадранот од просечни 35 степени паднаа на пријатни 23 степени. Поради големото количество дожд што наврна за кратко […]
Пет лица се ранети во болница во Истанбул кога непознато лице пукало од огнено оружје. Според турскиот медиум ТРТ Хабер, меѓу петтемина повредени има полицаец, припадник на жандармеријата, припадник на обезбедување и двајца цивили. Ниту еден од нив не е во животна опасност. Во нападот е оштетена зградата на болницата и амбулантно возило. Во соопштението […]