Албанските опозициски демократи доставија до парламентот предлог-измени и дополнувања на кривичниот законик, со кои се бараат казни од 1 до 5 години затвор за лицата кои физички нападнале новинари, сниматели или фоторепортери за време на извршувањето на нивната должност. Текстот на предлогот во законодавниот дом го достави пратеничката Ина Жупа, која изјави дека со поднесената […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска во Атина ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција. Според грчкото МНР, стратешкиот дијалог опфаќа регионални прашања, одбрана и безбедност, трговија, енергетика, справување со тероризам и природни катастрофи, а третиот круг се одржа во Вашингтон во октомври […]
Во најголемото албанско пристаниште, Драч запленет е танкер кој превезувал 22.500 тони шверцувана нафта. Танкерот пловел под либиско знаме, но според првичните сознанија од истрагата тој е по потекло од Русија. Полиција објави дека нејзините структури со цел сузбивање на шверцот со нафта, која пристигнува главно од Либија, но и други земји, обезбедила информации дека […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека „Армијата на Србија мора да биде многу посилна“ отколку што е денес и најави набавка на оружје за околу 300 милиони евра за следните две години. – Мораме да инвестираме огромни суми пари во одбранбената индустрија и армијата. Имав разговор со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево ја започнува посетата на Грција со средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а утре ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никос Дендиас и со лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, објавија грчките медиуми. Блинкен и Дендиас, утре, во грчкото МНР ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог […]
Случај на Омикрон варијанта на Ковид-19 – XBB.1.5 е идентификуван во Бугарија, соопшти Националниот центар за заразни болести. „Кракен“ е откриен кај човек во Софија. СЗО ја следи таа варијанта поради нејзиниот потенцијал за забрзано ширење и намалена неутрализација со вакцина и природен имунитет од претходните варијанти на Ковид, соопшти Центарот. Пациентот е на домашно […]
Грција сака да ја продолжи веќе постоечката ограда долж границата со Турција за 35 километри, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Такис Теодорикакос за телевизијата Скај. Според него, проектот ќе чини околу 100 милиони евра, а парите ќе бидат издвоени од грчкиот буџет. „Европската унија се уште не го одобрила барањето на Атина за финансирање […]
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Ираклион (Хераклион) на островот Крит во Грција. Земјотресот се случил околу 19:32 часот по локално време. Земјотресот бил почувствуван во радиус од 90 километри, а во Грција го почувствувале околу 751.000 луѓе. Eyewitnesses reported shaking in #Greece 3 min ago (local time 19:32:56)⚠ More [&
Лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија и поранешен албански претседател и експремиер Сали Бериша од седиштето на партијата ги повика медиумите да не го канат премиерот Еди Рама во емисиите, зашто во спротивно ќе се соочат со жестоки протести. – Ги повикувам сите новинари да не го примаат во телевизиите овој корумпиран човек. […]
Експлозија се случи во компанијата за продажба на пиротехника Хамекс во Врхника, Словенија, при што едно лице загина, а двајца тешко се повредени. Како што јави „Н1 Словенија“, експлозијата се почувствувала во поширока област на градот. На местото на несреќата се испратени повеќе екипи на Брзата помош. Полицијата го обезбеди местото, а пожарникарите го гаснат […]