Денес во Нови Сад се одржува комеморативен собир по повод едногодишнината од уривањето на настрешницата во која загинаа 16 лица. Собирот започна во 11:52 часот пред Железничката станица. Студенти, средношколци и граѓани од цела Србија оваа недела пешачеа кон Нови Сад за да присуствуваат на собирот. Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна […]
Хрватска се враќа на задолжителна воена служба по 17 години, а за тоа пишуваат и австралиските медиуми. Младите мажи со двојно австралиско-хрватско државјанство наскоро би можеле да добијат повик за воена служба, предупредува news.com.au, повикувајќи се на австралиското Министерство за надворешни работи и трговија. Австралиските власти предупредуваат дека неодговарањето на повикот може да има правни […]
Името на Васко Саздовски стои на табла на оградата пред железничката станица во Нови Сад. Тоа е македонецот го загуби животот при падот на натстрешницата. Со 16 минутен молк денеска се одбележува една година од трагедијата во која животот го загубија 16 лица, а едно беше повредено. Десетици илјади граѓани од синоќа пристигнаа во Нови […]
Поранешниот албански премиер Фатос Нано почина денес на 73-годишна возраст, објавија албанските медиуми. Медиумите јавуваат дека Нано бил на интензивна нега во една од приватните болници во Албанија, додека неговата здравствена состојба нагло се влошила во последните денови. Нано доживеал срцев удар и претходно бил лекуван од проблеми со дишењето.
Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (OFAC) одлучи да ги укине санкциите за неколку лица од Република Српска, вклучувајќи ги Милорад Додик, Жељка Цвијановиќ и бројни други соработници и компании. Овој потег всушност е поврзан со неофицијален договор меѓу Милорад Додик и новата американска администрација. Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството […]
Косовската претседателка Вјоса Османи објави дека Арапска Република Сирија го признала Косово. „Со поддршка на неговото кралско височество, престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман Ал Сауд, денеска во Ријад постигнавме договор преку кој Арапската Република Сирија ја признава Република Косово. Му благодарам на претседателот Ал Шара за одлуката за признавање на Косово, како […]
Со скандирања „Не сакаме мигранти“ и „Турците нема да шетаат низ градот“, вечерва се одржа голем протест пред зградата на црногорската влада во Подгорица, откако група странци избодоа младо лице во неделата. Обвинителите објавија дека во врска со инцидентот се уапсени еден турски и еден азербејџански државјанин. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Се браниме […]
Едно дете загина, а седум деца и еден маж се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Нови Сад – Белград утрово по три часот. На автопатот Нови Сад – Белград околу 3:30 часот наутро, по наплатната рампа во правец на Белград, се случила тешка сообраќајна несреќа кога комбе излетало од коловозот, […]
По инцидентот што ја потресе населбата Забјело во Подгорица пред две ноќи, црногорската полиција приведе десетици странски државјани и спроведе низа проверки, додека двајца мажи од Азербејџан и Турција беа уапсени под сомнение за учество во насилството. Во меѓувреме, беше демолиран и еден бар во сопственост на Турци. Како што соопшти Управата на полицијата, уапсени […]
Жителите на населбата Забјело во Подгорица се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодоа момче од Подгорица претходната ноќ. Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани. Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани кои се поврзани со синоќешното ранување на М.Ј. од Подгорица со употреба […]