Поранешниот крал на Грција Константин Втори, чие деветгодишно владеење се совпадна со еден од најтурбулентните периоди во политичката историја на земјата, почина на 82-годишна возраст. Константин Втори, единствениот син на кралот Павле и на кралицата Фредерика од Грција, стапи на тронот во 1964 година по смртта на неговиот татко, но неговото владеење беше обележано со политичка […]
На грчкиот остров Лезбос денеска почна долгоочекуваното судење на 24 членови на организации за хуманитарна помош обвинети за шверц со луѓе, шпионажа и перење пари. Една од обвинетите е познатата сириска бегалка и активистка за човекови права, Сара Мардини. Таа има адвокати кои ја застапуваат, јави државното радио. Бројни членови на три невладини организации се […]
Серија на „Аро чипс“ со вкус на пиперка во пакување од 300 грама, со рок на користење до 30 април 2023 година, се повлекува од хрватскиот пазар поради зголемено количество на штетната и канцерогена супстанца акриламид, известија хрватските власти. Производител на чипсовите е Kanaan d.o.o. од Доњи Михољац, а на пазарот е пуштен од познатиот […]
Вечерва околу 19 часот започна средбата на лидерите на политичките партии на Албанците од земјава со премиерот на Албанија, Еди Рама во Тирана. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пристигна во придружба на вицепремиерот Артан Груби, кој е главен фактор на сопнување меѓу Ахмети и „Огнената група“. На средбата не се појави лидерот на БЕСА, Билал […]
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска разговараше со европскиот комесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, за процесот на дијалогот. Лајчак во објава на својот Твитер профил, посочи дека имал корисен разговор со Вархеји и за поширокиот регионален контекст, како и за напорите на ЕУ за […]
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Турција пред неколку минути, јавува EМСЦ. Земјотресот се случил во 10:38 часот по локално време, а епицентарот е регистриран во морето, на 192 километри од Измир, третиот по големина турски град. #SONDAKİKA | Ege Denizi’nin Çanakkale Ayvacık açı
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска ќе престојува во еднодневна посета на Унгарија. Дачиќ во Будимпешта ќе се сретне со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто. Попладнево е предвидено српскиот министер да се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во ноември минатата година, Дачиќ и Сијарто […]
Членовите на иранската група „Татковинска правда” продолжуваат со објавување податоци од кибер-нападите на владини институции и банки во Албанија. Доцна попладнето на нивната страница се објавени банкарските сметки на правни и физички лица. – На табелата се прикажани името на субјектот, бројот на сметката, моменталната состојба на пари што ја имаат во банката, како и […]
Четири автомобили биле украдени во една иста вечер на хрватскиот остров Брач, а главниот актер бил 22-годишен државјанин на Македонија, кој по завршување на кривичната истрага бил уапсен и притворен, информираат хрватските медиуми. Сплитско-далматинската полиција соопшти дека против 22-годишникот ќе спроведе истрага во Полициската станица Брач. Тој е осомничен дека ноќта на 7 јануари украл […]
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија и Хрватска мора да се договорат за прашањата на сегашноста и иднината и дека треба да ги решат работите поврзани со минатото на најдобар можен начин. Дачиќ, кој го посети Загреб во пресрет на Божиќ со цел да ги затоплува односите меѓу двете […]