За првпат во Македонија, во претседателската фотелја седнува жена, откако Гордана Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи досегашниот претседател, Стево Пендаровски на изборите со разлика од повеќе од 300.000 гласови. Според последните податоци објавени на веб-страната на ДИК, Силјановска освоила 560.170 гласови (65,41 отсто), наспроти Пендаровски со 251.541 (29,25 отсто). Таа синоќа за време на […]
До 17 часот на претседателските избори гласале вкупно 452.412 гласачи.Излезноста е 42,32 %, што значи дека е постигнат цензус.
Излезноста за парламентарните избори во Струга и струшко до 13 часот е 18 проценти, а за претседателските 12 отсто, информира претседателот на Општинската изборна комисија, Минир Жута. Во Вевчани, според претседателката на ОИК Менка Кукоска, за избор на претседател и за пратеници гласале скоро 38 отсто од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список. Според […]
Излезеноста за вториот круг претседателски избори до 9.00 часот утрово е 4,17 отсто, согласно податоците од 1 009 избирачки места каде гласале 22 797 лица. Најголема е излезеноста во Пробиштип, 8,85, а најмала во Боговиње, 0,57. За парламентарните избори, пак, излезеноста е 4,45 отсто, покажуваат податоците од 1 033 избирачки места каде гласале 25 132 […]
Непосредно пред одржувањето на вториот круг, ТВ21 ја организира првата претседателска телевизиска дебата пред одржување на вториот круг. Утре (30.04.2024), гости во телевизиското студио ќе бидат Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски. Секој кандидат на почетокот од дебатата ќе може да ја презентира својата програма во времетраење од 4 минути, а потоа следуваат прашања од […]
Само оваа политичка опциа од која сум јас дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење, затоа што изминативе години, некој пат со мали чекори, но сепак одевме напред, порача кандидатот за претседател Стево Пендаровски пред граѓаните на населеното место Велебрдо. Пендаровски посочи дека опозициската партија со себе носи опасност да ја […]
Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори денеска беше во Вевчани, каде што оствари средба со граѓани. Во своето обраќање од Вевчани, Силјановска-Давкова порача: Народот не можете да го излажете! Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку […]
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше со граѓаните на Охрид. Истакнувајќи го својот концепт за Македонија, како земја на сите граѓани, Пендаровски рече дека само тој од седумте кандидати за претседател претендирал да земе гласови од граѓаните од сите етнички заедници, додека останатите кандидати ги барале гласовите само од својата етничка заедница. „Умешноста е […]
Денеска, 26 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Крушево. Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача: Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека […]
Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест, претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните на оваа земја им се потребни подобри услови за живот, подобра економија и поголеми инвестиции, повеќе работни места и можности за младите, за да останат […]