Стево Пендаровски – Гордана Силјановска Давкова: На ТВ21 е организирана првата претседателска дебата пред вториот круг

Непосредно пред одржувањето на вториот круг, ТВ21 ја организира првата претседателска телевизиска дебата пред одржување на вториот круг.

Утре (30.04.2024), гости во телевизиското студио ќе бидат Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

Секој кандидат на почетокот од дебатата ќе може да ја презентира својата програма во времетраење од 4 минути, а потоа следуваат прашања од различни области. Секој има право на одговор во времетраење од 90 секунди и право на реплика од 30 секунди.

Дебатата во живо ќе се пренесува на сите веб и друштвени мрежи на ТВ21.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ