На првиот круг од претседателските избори во општина Струга до 11 часот излезноста е 7,19 отсто, а во Вевчани 16,91 проценти. Во општина Струга до 11 часот гласале 4.416 граѓани , а во Вевчани гласал 350 граѓани.
Излезноста до 11 часот на првиот круг претседателски избори е 12.78 отсто. Од вкупно 1.814.317 избирачи, од отворањето на гласачките места, до 11 часот гласале 228.639 граѓани.
На првиот круг од претседателските избори во општина Струга до 9 часот излезноста е 2,4 отсто, а во Вевчани 5,5 проценти, информираат претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска. Изборниот процес во двете општини почна во 7 часот утрово и, според претседателите, тече непречено. Во општина Струга право на глас имаат се […]
Вкупно 1.814.000 гласачки ливчиња со имињата на 7-мината кандидати за претседателските избори беа спакувани во картонски кутии со заштитен печат. Вработените во битолската печатница „Киро Дандаро” рано утрово со вилушкари ги товараа ливчињата во транспортни комбиња и камионети. Почетокот на транспортот од печатница до Општинските изборни комисии го обезбедуваа полициски единици, а таму беа присутни […]
Форумот на жени и Форумот на млади на ДУИ, огранок Сарај, организираа отворена дебата со кандидатот за претседател Бујар Османи и кандидатите за пратеници од Европскиот фронт во ИЕ1 Блерим Беџети и Наим Бајрами. Кандидатот за претседател Бујар Османи им вети на младите од Сарај дека како следен претседател ќе создаде држава во која без […]
„Меѓу вас гледам толку многу лица кои се подготвени да отворат ново поглавје од славната историја на нашите граѓани во нашата заедничка земја”. Вака го започна говорот Бујар Османи, кандидатот за претседател од Европскиот фронт, вечерва пред кумановци. „За неколку дена ќе одлучите дали сме за интеграција или за изолација. Ова е одлуката што треба […]
Борба против миграцијата со зголемување на минималната плата до 800 евра вети кандидатот на претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари на вечерашниот митинг во Струга. Со зголемувањето на минималната плата до 800 евра до крајот на четиригодишниот мандат, смета дека ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за […]
енес 18.04.2024 во 20:30 часот коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ) во Струга ќе одржи централен Митинг во Центарот за Култура “Браќа Миладиновци” (кино).
Во овие избори има нешто специфично, до ѕидот сме доведени. Вие заслужувате власт соодветна на вашето достоинство, власт од којашто нема да се плашите и срамите, туку ќе се гордеете, порача вечерва од Свети Николе, кандидатката за претседател на државата, поддржана од ВМРО – ДПМНЕ и коалициските партнери, Гордана Силјановска-Давкова. Таа се осврна и на […]
Главната парола на нашиот претседател не е случајно избрана. Јас никогаш не сум ги делел луѓето на наши и ваши. Јас сум ваш, вие сте мои. И затоа јас со право можам да кажам дека јас сум вашиот претседател, порача од Дебар претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Тој посебно се задржа на соживотот, по кој е […]