Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури се движат меѓу 2 и 7, додека максималните дневни ќе се движат од 22 до 29 Целзиусови степени.
По повод утрешниот празник Рамазан (Фитр) Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реисул улема, Шаќир Фетаи, со желби и „молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на светиот месец“. -Во овие празнични денови на […]
Рамазан Бајрам – 10 април (среда) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија им го честитаат празникот Рамазан Бајрам.
Продолжува периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.Продолжува периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност.Од четврток ќе дува умерен ветер од северен правец.
МВР информира дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „тешка кражба“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.Т.(31) од Дебар, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.Според информациите, на 3-ти овој месец по упатени закани и уцени кон 33-годишна жена од Дебар, пријавениот […]
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден до два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,52 отсто. Согласно одлуката на РКЕ, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 […]
Новинарот Фуркан Салиу е пуштен од полициска станица, откако беше приведен за време на фудбалски меч во скопското село Коњаре. „Поради вашата поддршка и поддршката на овие луѓе што се собра тука сум ослободен. Во некоја различна ситуација сега ќе бараа притвор за мене, морам да кажам, без ниту еден доказ. Ме товарат дека сум […]
Вчера во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(41) од Скопје и товарно возило „фап“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(57) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се […]
Денеска (05.04.2024) во 09.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар – Стража, на местото викано „Новоселски мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје и патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(67) од Скопје. -Во незгодата […]
Утре, сите кои наполниле 18 години ќе можат да се сликаат во определените пунктови низ земјава надвор од редовната постапка со предност на оние кои немаат ниту пасоши, граѓаните од Скопје тоа ќе треба да го сторат во ПС Пролет – посочи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Што се однесува до останатите граѓани кои […]