Недела, 22 ноември 2026 недела, 22 ноември Струга 10°C Струга 10°C Пријави вест
Македонија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА МАВРОВО ДЕНЕСКА, СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД 70 САНТИМЕТРИ – метеопрогнозерот со најнови информации

Објавено: · 1 мин читање · Ажурирано:
ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА МАВРОВО ДЕНЕСКА, СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД 70 САНТИМЕТРИ – метеопрогнозерот со најнови информации

Маврово навистина го заличи. 

До изутринава во Маврово е регистрирана нова снежна покривка од дури 70 сантиметри.

До изутринава во 7 часот најмногу дожд наврна во Демир Капија, дури 127 литри на метар квадратен. Значителни врнежи имаше во најголем дел од Македонија.

„Како што и претходно најавив, врнежите продолжуваат до крајот на денов во Македонија, а со тоа и снежната покривка ќе се зголемува на повисоките места, планините и Скијачките центри. Снежната граница, особено во западните предели ќе се спушти до околу, а може и под 1000 метри надморска височина“, пишува метеопрогнозерот Славчо Поповски.