Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци. -Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите […]
Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев и генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко остварија средба во седиштето на корејската Царина во Сеул на којашто најавија отпочнување на реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад.Богоев заедно со помошниците директори, […]
Управата за финансиска полиција ги зајакнува своите капацитети во борбата со организираниот криминал. Со поддршка од Обединетото Кралство Управата ќе добие нов современ систем кој ќе ги дигитализира процесите, а тоа ќе овозможи побрз проток на информации во рамки на институцијата и размената со други институции, носење поквалитетни одлуки и сето тоа до поефикасно дејствување […]
Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во непосредна близина на битолското село Братиндол, на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, а како што известија од СВР Битола, едно лице го загубило животот. Според првичните информации на СВР Битола, во сообраќајката учествувале неколку возила. Сообраќајот на магистралниот пат на релација Битола-Ресен е во целосен прекин од 20:45 часот […]
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Согласно последната одлука на РКЕ, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 остана непроменета, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалија за половина денар. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)Моторен бензин […]
Синоптичарите најавуваат дека во следните 24 часа не очекуваат пообилни врнежи од дожд и тоа прво на западот, а потоа и на целата територија на државата. На одредени места се очекува врнежите да бидат и над 40 милиметри, известуваат од УХМР. Оттаму предупредуваат дека, доколку овие врнежи се со голем интензитет и за кратко време […]
Спречен обид за криумчарење на брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари денари од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“ во два посебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце. Брендираната роба за која требало да се платат царински давачки во […]
Во Македонија денес ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди и ветровито и релативно топло време. Во доцните попладневните и во вечерните часови продор на влажна и нестабилна воздушна маса која што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд. Врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на ноќта петок кон сабота […]
Поголем износ на девизи, 250 кутии детокс чаеви, но и нова глава за мотор за товарно возило се дел од заплените на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги на Царинска управа, во текот на изминатите денови. Во два посебни случаи мобилните тимови открија 15.100 евра, коишто возачи на камиони сакале да ги изнесат […]
Генералното собрание на Обединети нации синоќа со 120 гласа „за“, 14 „против“ и 45 „воздржани“, усвои Резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа. „против“ беа 14 земји, меѓу кои Израел и САД, а 45 беа „воздржани“. Од нашиот регион, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа „за“ резолуцијата, Хрватска беше „против“, […]