Сабота, 21 ноември 2026 сабота, 21 ноември Струга 12°C Струга 12°C Пријави вест
Македонија

Драстичен пораст на заболени од грип: Над 1.000 случаи за една недела

Објавено: · 1 мин читање
Драстичен пораст на заболени од грип: Над 1.000 случаи за една недела

Во периодот од 6 до 12 јануари, бројот на заболени од грип е зголемен за 3,2 пати во споредба со првата недела од јануари, со пријавени 1.053 случаи, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

За првпат оваа сезона, инциденцата е над прагот за сезонска активност на грипот. Најпогодена е возрасната група од 15 до 64 години (633 случаи), а најмногу заболени има во Скопје (305), следено од Дебар (134) и Куманово (118).

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата останува најдобрата заштита, со 72.318 вакцинирани лица досега.