„Приходите на Царината во 2023 година растат по секој основ, бројот на случаи на заплени е зголемен за 30 проценти, на кривичните пријави за 60 проценти, а инвеститорите во нас препознаа доверлив партнер и јавно не издвоија како институција од чија работа се најмногу задоволни. Резултатите се доказ за нашата посветеност која ќе продолжи и […]
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 0,50 денари по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 77,50 денари за литар. За 0,50 денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство на […]
Околу 100 единици крв беа донирани од страна на царинските службеници во рамки на овогодинешната крводарителска акција којашто Царинската управа секоја година по повод Денот на Царината – 14 април ја организира заедно со Црвен крст и Републичкиот завод за трансфузиологија. Крводарителската акција се спроведе во просториите на Царинската управа како и во центрите за […]
Приходите наплатени од Царинската управа во првото тримесечје годинава изнесуваат 28,7 милијарди денари, што е 1,9 милијарди денари или 7 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, вели дека резултатите покажуваат зголемување на ефективноста на Царината. – Растот на царинските приходи значи поголеми приливи во Буџетот, односно […]
– Со владина одлука, 24-ти април и 8-ми мај, деновите на одржување на претседателските и парламентарните избори, се прогласени за неработни за сите граѓани на територијата на Република Македонија. Владата препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Македонија, да ги спроведат овие заклучоци. Во Информацијата од министерството за труд и социјална работа […]
До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР. Од среда се очекува значителна промена на временската состојба, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.
Припадници на полицијата утрово вршат претреси во затворот Идризово. Од ОЈО велат дека акцијата е координирана од Основното јавно обвинителство Скопје поради сомневања за кривично-правни дејствија. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
– Во организација на Исламската верска заедница на Северна Македонија, Мустафа-пашината џамија во Скопје беше местото каде што се одржа централната манифестација за молитвата за Рамазан Бајрам Муслиманите ги исполнија џамиите по повод Рамазан Бајрам во Северна Македонија, Албанија и Косово, учествувајќи во молитвите и честитките за празникот, јавува Анадолу. Муслиманите се собраа на плоштадите […]
Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури се движат меѓу 2 и 7, додека максималните дневни ќе се движат од 22 до 29 Целзиусови степени.
По повод утрешниот празник Рамазан (Фитр) Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реисул улема, Шаќир Фетаи, со желби и „молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на светиот месец“. -Во овие празнични денови на […]