Загина пешак во Прилеп, малолетник удрил со мотоцикл во него

На 28.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп, мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Прилеп, удрил во пешакот Г.М.(68) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ