Се известуваат жителите на населбата Беќирофци дека утре на ден 12.03.2024 од 09:00 до 16:00 часот патот ќе биде затворен за сообраќај.
На 10.03.2024 од 10.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 84 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од нив во Охрид-22, Струга-39, Кичево-19 и Дебар-04, информираат од СВР Охрид.
Автомобил утрово влета во водите на Охридското Езеро, нема повредени. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информираше дека случајот бил пријавен во 5.30 часот во ОВР Струга. – Патничко возило „форд“ управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското […]
Ноќеска помеѓу 22 и 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга- 04,Кичево-09, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, соопшти СВР Охрид.
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11 часот во југозападниот дел од државата. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 119 километри југозападно од Скопје, односно во соседна Албанија.
Пред две години нуклеарната физичарка Ивона Василеска од Струга дојде до откритие што може да помогне во производството на поевтина струја за цела Европа, а изградбата на фузискиот реактор на ИТЕР во Франција, во кој се имплементира нејзиното решение, е во тек. Ивона Василеска сакала да студира физика уште во основно училиште, но во Македонија […]
Полицијата извести дека вчера во 10 часот во Струга, полициски службеници ја уапсиле 23-годишната В.И. од Куманово. Таа се сомничи дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против В.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
МВР информира дека рано утринава во 04.45 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода 37 годишниот жител од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека на Хируршкото одделение во болницата во Струга агресивно се однесувал и попречувал вработен при извршување службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна […]
66-годишник од Струга физички нападнал службено лице. – На 15.02.2024 во 13.35 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода (66) годишниот жител од Струга затоа што претходно во Одделението за управни работи во Струга физички нападнал вработен во Одделението за управни работи, информираа од МВР во дневниот билтен.
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митревски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварскиденеска беа во работна посета на општина Струга, каде извршија увид во реконструкција на локалниот пат во н.м. Мороишта.Реконструкцијата на овој локален пат е дел од „Проектот за поврзување со локални улици и патишта”, кој се реализира преку Министерството […]