Лабуништа се асфалтира главната улица во центарот

Денес започна со Асфалтирање на главната улица во Центарот на Лабуништа, што е значаен проект за подобрување на инфраструктурата во оваа населба. Проектот се реализира благодарение на Општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко.

Градоначалникот Мерко истакна дека оваа инвестиција е дел од континуираните напори за модернизација на инфраструктурата во општината и подобрување на животните услови за жителите на Лабуништа.

Општина Струга продолжува со посветена работа на обновата и подобрувањето на инфраструктурата во сите населени места.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ