Петок, 13 ноември 2026 петок, 13 ноември Струга 21°C Струга 21°C Пријави вест
Струга

ЌАФАСАН: Во багажник на „БМВ” открилe лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија

Објавено: · 1 мин читање
ЌАФАСАН: Во багажник на „БМВ” открилe лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија

Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија. 

Полициски службеници на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница кај Струга, во багажник на aвтомобил „БМВ” открилe лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија.

Како што информираше Полициската управа од Корча, возилото го управувал М.Ч. (25), а затекнатото лице во багажникот е А.Б.(20), двајцата од пограничното гратче Прењас.

М.Ч. е уапсен и ќе одговара за кривично дело „помош за илегално преминување на државната граница“, а за сторено кривично дело „недозволено преминување на државната граница“ ќе одговара А.Б.