Изработуваме Ташни по ваш вкус, а со љубов и внимание од вештите раце на Sarah’s Handmade ќе ги имате и најубавите венчиња. View this post on Instagram A post
Општина Струга и Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните за рационално користење на водата за пиење во градот и околината. Градоначалникот Рамис Мерко и директорот на претпријатието Дашмир Насуфи на денешната средба во Општина Струга информирале дека на терен се општински инспектори, кои вршат контроли за нерационално трошење на водата. – Ги замолуваме […]
Работна средба со општинските инспектори и претставниците на полицијата во Струга Денес, во просториите на општината се одржаа две работни средби, првата со општинските инспектори, а втората со началникот на полициската станица во Струга. Дискусиите беа во насока на почитување на редот во градот, за подобро одвивање на туристичката сезона. Општинските инспектори секојдневно ќе излегуваат […]
Денес во Струга се запали автомобил. Не се знае ниту причината за избувнувањето на пожарот. За гаснење на огнот, што го зафати возилото , интервенираше едно противпожарно возило.
Во завршна фаза се активностите за воспоставување на концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан/Ќафтане со Република Албанија. Воспоставувањето на концептот за гранични контроли со едно застанување ја зголемува соработката помеѓу државите и ја забрзува регионалната интеграција. Ова се главните пораки од денешната средба на директорот на Царинска управа Стефан Богоев со директорот на Царинската управа […]
На ден 10.07.2023 (понеделник) во период од 8:30 часот до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите на Лабуништа ( Лабуништа на влез , Беќировци, Костење) и потрошувачите на Подгорци поради работа на мрежата. – известуваат од ЕВН.
Започна реконструкција на дрвениот мост во Струга. Денеска почнавме со реновирање на дрвениот мост и потоа ќе се изврши финално бојадисување за заштита од атмосферски услови, информираат од општина Струга.
Патничко возило и камион се судрија денеска на патниот правец Струга-Вевчани. Порталот Охрид 1 јави дека инцидентот се случил нешто по 11:00 часот, по што сообраќајот на овој патен правец се одвиваше отежнато. Од СВР Охрид најавуваат повеќе детали за во текот на утрешниот ден. (Крај) извор: Охрид 1 фото/видео: Охрид 1
Само две капалишта на струшкото крајбрежје имаат спасители на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, информира секретарот на Струшкиот Црвен крст Адуриме Даути. Обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава ја следеле деветмина, кои се стекнале со соодветен сертификат. Но, посочи Даути, во моментот […]
Од 3-ти јули 2023 година ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга-Дебар, информираат од АМСМ. Во фаза 1 ќе се врши асфалтирање кај селото Глобочица и во фаза 2 – асфалтирање кај селото Луково. – Предвидено е целосно затворање на сообраќајот во периодот […]