Најмалку 14 мигранти загинаа, а 54 се спасени по потонувањето на брод со кој се обидувале да стигнат до Европа, јавуваат туниските власти. Бродоломот се случил вечерва во близина на брегот на Тунис, недалеку од тамошниот регион Сфакс. Бродовите на крајбрежната стража спречија 14 други бродови со вкупно 435 мигранти да го преминат Средоземното Море. […]
Турција денеска во Брисел потври дека Шведска и Финска презеле конкретни чекори на барањата на Анкара во однос на исполнувањето на условите за пристапување во Алијансата и дека трите земји повторно ќе одржат средби, изјави главниот шведски преговарач во процесот на пристапување во НАТО, Оскар Стенстром. -Видовме дека Турција призна дека Шведска и Финска презедоа […]
Нуклеарната централа во Запорожје, најголемата централа од овој тип во Европа, попладнево повторно е приклучена на електромрежата соопшти компанијата за пренос на електрична енергија „Укренерго“. Централата во Запорожје во поголемиот дел од денот работеше на дизел генератори, бидејќи, како што соопштија украинските власти, далноводите биле оштетени во денешните руски ракетни напади. Најмалку пет лица загинаа […]
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 16 часот и 5 минути ја погоди Италија, пренесе АНСА. Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), бил четири километри оддалечен од градот Умбертид. ЕМСЦ, исто така, посочи дека епицентарот на ударот бил на длабочина од десет километри. Засега нема информации […]
На заедничка свечена седница на двата дома на Парламентот во замокот Храдчани во Прага, новиот чешки претседател, генералот во пензија Петр Павел (61) денеска положи заклетва и го започна петгодишниот мандат. -Излеговте на избирачките места за да кажете доволно за хаосот и да го отворите патот на волјата заедно да бараме решенија. Благодарение на вас […]
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и американскиот претседател Џо Бајден утре во Вашингтон можат да го објават почетокот на преговорите за слободна трговија меѓу Европската унија и САД, што ќе ги ублажи и тензиите меѓу економиите на двете страни, пишуваат медиумите повикувајќи се на американски и европски претставници. Во центарот на спорот […]
Бројот на лица кои без државјанство престојуваат во Германија двојно се зголеми по бегалскиот бран во 2015 година, соопшти денеска Федералниот завод за статистика во Визбаден. „На крајот на 2022 година во централниот регистар на странци се евидентирани 29.455 лица без државјанство. Ова е двојно повеќе од пред бранот мигранти во 2015 и 2016 година“, […]
Тројца рудари денеска загинаа во хаварија во рудник за поташ (сол) во североисточна Шпанија, соопшти регионалниот синдикат на УСОК. Хаваријата во рудникот во градот Сурија се случила непосредно пред 9 часот по локално време, на околу 900 метри под земја, соопштија пожарникарите, без да дадат повеќе детали. „Сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејствата на […]
Тројца рудари се затрупани во рудник за поташа (мешавина од калиумови соли) на северот на Шпанија, соопштија денеска локалните власти. Тројцата работеле во рудникот Кабанас де Сурија, на околу 80 километри од Барселона. Каталонската полиција соопшти дека тлото во рудникот се урнало и дека во тек е спасувачка операција. Пожарникарите објавија на Твитер дека уривањето […]
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси повторно предупреди за опасноста по рускиот удар врз украинската нуклеарна централа во Запорожје. „Секогаш кога играме со оган и ако дозволиме оваа ситуација да продолжи, еден ден среќата ќе ни го заврти грбот“, изјави Гроси пред Одборот на гувернери на МААЕ во Виена. Тој […]