Откажани 3.000 летови поради ураганот „Милтон“

Повеќе од 3.000 летови во САД се откажани или одложени поради ураганот Милтон.

„Досега се откажани 1.904 летови до или од САД, додека 1.160 летови се одложени“, се наведува на веб-страницата „Flytaver“.

На меѓународниот аеродром во Орландо откажани се повеќе од 800 летови или околу 90 отсто.

Веб-страницата наведува дека меѓународниот аеродром во Тампа регистрирал речиси 400 откажувања, додека 190 летови биле откажани во Мајами.

Ураганот Милтон, бура од четврта категорија, се очекува доцна вечерва или утре наутро по локално време да падне на западниот брег на Флорида.

Според Националната метеоролошка служба на САД, Флорида ќе доживее обилни врнежи од дожд, торнада и катастрофални бури пред ураганот да падне на копно.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ