Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во денешното интервју за „Велт“ предупреди дека Кина не треба да ја поддржува Русија во нејзината војна против Украина и рече дека ако Пекинг тоа го направи – ќе доведе до светска војна. Коментарите на Зеленски дојдоа откако Кина рече дека САД не се во позиција да поставуваат барања. Претходно, во […]
Потребата за огромна помош и поддршка за Турција и Сирија, ја истакнал министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, пред почетокот на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Дендиас рекол дека станува збор за „библиска катастрофа“ од досега невидени размери и затоа „потребна е огромна […]
Војната во Украина ќе продолжи уште долго, изјави денеска холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра, неколку дена пред годишнината од руската инвазија на 24 февруари. Хоекстра за весникот „Algemeen Dagblad“ изјави дека и покрај веројатно долготрајниот конфликт, воената поддршка за Украина мора да продолжи, пренесува Анадолија. – Мораме да се спротивставиме. Сега не можеме […]
Разорниот земјотрес во Турција со јачина од 7,7 степени по Рихтер речиси разурна десетина провинции и одзеде над 45 илјади животи. Најпогодено подрачје е Хатај каде е лоциран епицентарот на потресот, а градот е речиси срамнет со земја. Овие денови дрон од воздух откри како изгледа срушениот град до темел, а на едно видео се […]
Европската Унија треба да обезбеди Украина да има доволно муниција за да ја продолжи борбата против руската инвазија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Тој во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, рече дека тоа е најитното прашање. – Ако не го сториме тоа, […]
Џо Бајден пристигна во Киев на ненајавена средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Јавната маршрута на американскиот претседател сугерираше дека тој ќе ја посети Полска, но американскиот претседател штотуку пристигна во главниот град на Украина. Воздушна тревога е прогласена ширум Украина откако се појавија гласини дека висок функционер ќе дојде во ненадејна посета на […]
Мобилен телефон спасил четири животи во турскиот град Малатија откако истиот бил фрлен од балконот за време на потресот во понеделникот рано утрото на 6 февруари. Четиричлено семејство било заробено под урнатините, а еден од нив успеал да пристигне до балконот од каде го фрлил телефонот на улица, а истиот го земал потоа некој и […]
Турција веќе две недели е центарот на светот по разорниот земјотрес кој се случи на 6 февруари рано утрото. Бројката на жртви надмина 45 илјади, а жителите од погодените подрачја секојдневно ги закопуваат своите блиски на празните парцели надвор од градовите. На гробиштата во провинцијата Кабасакал се погребани 418 лица кои не успеаја да се […]
Областите на Кина и САД се од клучно значење за светската економија, но се најмногу изложени на деструктивните ефекти од климатските промени, заклучува студијата објавена денеска, која ги анализира ризиците за зградите и инфраструктурата. Aвстралиска компанија за проценка на климатскиот ризик, XDI, која работи за инвеститори или финансиски аналитичари, прегледа повеќе од 2.600 територии ширум […]
Осман Демирел, кој загуби три деца во земјотресот во центарот на Караманмарас, вели дека алчноста на луѓето ги зголемила размерите на катастрофата во Турција. -Станавме жртви на нашата алчност, нагласи тој. Во земјотресот, што се случи во Караманмарас на 6 февруари, беше уништена шесткатницата на Хисар. Осман Демирел, кој живеел во таа зграда, ја избегнал […]