Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска рече дека ЕУ може да биде партнер со воената индустрија за да го зголеми производството на муниција за Украина и да ги обнови сопствените резерви. Таа го спореди овој план со она што го направи Унијата за време на пандемијата кога беше неопходно да се произведат […]
Ризикот од катастрофа во нуклеарна централа во Украина поради борби или губење на надворешно напојување останува висок, и покрај тоа што заканата не е во фокусот на вниманието, изјави шефот на германската Федерална канцеларија за заштита од радијација. Инге Паулини рече дека постои значителен ризик да се случи несреќа што ќе има далекусежни последици сè […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по средбата со молдавската претседателка Маја Санду на маргините на 59-та Минхенска безбедносна конференција изрази загриженост за „конспиративните обиди кои доаѓаат од Русија за дестабилизација на владата во Молдавија“. Тој рече дека ги цени напорите што земјата ги прави за да се заштити. САД цврсто стојат со Молдавија во поддршка […]
Три лица во Антакија се спасени откако поминале 296 часа под урнатините, јави турската новинска агенција Анадолија, додавајќи дека меѓу спасените има и дете. По спасувањето, спасувачките екипи ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница. Според последните податоци, повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и […]
Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати. Според последните податоци, во Турција загинале 39.672 лица, а во соседна Сирија повеќе од 5.800. Турските спасувачки тимови и денеска продолжуваат да […]
Хамза ал Хомси, еден од главните водачи на терористичката организација Исламска држава, е убиен во североисточна Сирија во хеликоптерски напад под команда на американската армија, а во акцијата се ранети четворица американски војници. ИД денеска изврши напад во централна Сирија, во градот Сукна, во кој загинаа најмалку 36 цивили, објави Сириската опсерваторија за човекови права […]
Ноќта кога се случил страотниот земјотрес во Турција Мустафа Авџи станал татко, а денеска по 11 дена беше извлечен жив од под урнатините. По 261 час тој во Хатај утрово беше спасен и тоа под урнатините на болницата во која бил откако се породила неговата сопруга, а затечен таму од земјотресот бетонските плочи од болницата […]
Уште еден земјотрес е регистриран во Турција. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), тресењето на земјата се случило на 19 километри од Гоксун. Земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Да потсетиме, минатиот понеделник јужниот дел на Турција и северозападна Сирија беа погодени од разорни земјотреси во кои загинаа повеќе од […]
Бројот на загинати во разорните земјотреси на југот на Турција се искачи на 39.672, соопшти турското Министерство за внатрешни работи. Во соседна Сирија досега во земјотресот животот го загубија повеќе од 5.800 луѓе. Со тоа бројот на жртви во двете земји достигна 45.472. Ниту Турција, ниту Сирија не објавија колку луѓе се уште се водат […]
Земјотресите, кои предизвикаа смрт на многу луѓе во Хатај, ги претворија зградите и куќите и работните места во околината на реката Аси и улицата Ататурк во урнатини. Зградата, која ја изгради францускиот архитект Леон Бенжу на плоштадот познат како Köprübaşı во 1927 година и служеше како зграда на парламентот од 1938 година до приклучувањето на […]