Висок функционер на Белата куќа вели дека САД веруваат дека Иран се подготвува „итно да изврши напад со балистички ракети против Израел“. „САД имаат индикации дека Иран се подготвува веднаш да изврши напад со балистички ракети против Израел“, се вели во целосната изјава. „Ние активно ги поддржуваме одбранбените подготовки за одбрана на Израел од овој […]
Италијанскиот меѓународен аеродром „Орио ал Серио“ во Бергамо утрово е затворен откако при слетувањето пукна гума на летот на Рајанер, соопшти управата на аеродромот. Никој на летот кој пристигна од Барселона не е повреден, јавува Анса. Пожарникарите помогнаа во евакуацијата на патниците. #FR846’s tyres burst after landing at Milan Bergamo this
Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста. – Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на […]
Клаудија Шејнбаум денеска го започнува својот шестгодишен мандат како прва жена претседател на Мексико. Таа го наследува местото од својот ментор, левичарот Андрес Мануел Лопез Обрадор. Популарноста на Лопез Обрадор ѝ помогна на 62-годишната физичарка и поранешна градоначалничка на Мексико Сити да победит на изборите во јуни. Шејнбаум е првата претседателка на Мексико со еврејско […]
Сирените за воздушен напад се огласија во областа Тел Авив во Израел. Израелски извори јавуваат дека биле пресретнати најмалку три проектили. Како што соопшти израелската јавна телевизија КАН, од Либан биле истрелани 10 проектили кон централен Израел, вклучувајќи го и Тел Авив.
Дваесет и пет лица се водат како исчезнати откако се запали автобус кој превезуваше 44 ученици и учители. Несреќата се случи во северно предградие на главниот град на Тајланд, Бангкок. Министерот за транспорт Сурија Јунгрунгреангкит изјави дека сè уште не е познат бројот на загинати, но 25 лица се водат како исчезнати по пожарот. – […]
Видеото кое израелската армија го објави пред малку потврдува дека дел од израелските сили дејствувале во Либан уште пред да започне копнената офанзива синоќа, јавува Би-би-си. На видеото се гледа како командантот на елитната единица Егоз, која првично беше формирана за борба против Хезболах, им се обраќа на своите војници во текот на ноќта. Говорејќи […]
Единствената преостаната британска електрана на јаглен во близина на Нотингем денеска за последен пат ќе произведува струја по 57 години работа, пишува весникот Гардијан. Електраната ќе заврши со работа согласно светската политика за постепено укинување на електраните на јаглен. Затворањето го означува крајот на електричната енергија на јаглен што започна кога првата електрана на јаглен […]
Светот е побезбеден по убиството на шефот на Хезболах, Хасан Насрала, од страна на Израел, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој го опиша Насрала како „брутален терорист“ и нагласи дека регионалната и глобалната безбедност се подобриле без него. „Регионот и светот се побезбедни без него“, рече Блинкен, но истакна дека „дипломатијата останува најдобриот и […]
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на источниот брег на руската област Камчатка, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ). Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ГФЗ, пренесе Ројтерс. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.