Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во минатомесечните разорни земјотреси, што го погодија јужниот дел на земјата, повеќе од 214.000 згради се уништени или во голема мера оштетени, пренесува Анадолија. -Во моментов е утврдено дека имаме 608.000 независни секции во 214.000 згради кои се урнати или се тешко оштетени и сите ќе […]
Одложено е гласањето на земјите од Европската унија за законот со кој се става крај на продажбата на нови автомобили со внатрешно согорување, односно продажбата на автомобили на бензин и дизел до 2035 година, бидејќи Германија и Италија се против ваквото решение. Бидејќи не е одреден нов датум за гласање на иницијативата, портпаролот на шведската […]
Вануату денеска прогласи вонредна состојба поради нов циклон и земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала што ја погодија таа островската држава во Тихиот Океан со околу 320.000 луѓе. Земјотресот се случил на десет километри под морето, во близина на големиот остров Еспириту Санто, покажуваат податоците на Американскиот институт за геофизикa. По тој […]
Европратеничката Ева Каили, до неодамна потпретседателка на Европскиот парламент, останува во затвор уште најмалку два месеца, одлучи денеска судот во Брисел. Претходно оваа недела, нејзината одбрана побара Каили да биде ослободена со нараквица за следење, објавија локалните медиуми. Претходно денеска судот одлучи да го остави во затвор и европратеникот Марк Тарабела. Каили беше приведена во […]
Во период од две децении, 2002-2021 околу 554 илјади албански државјани добиле државјанство на некоја од земјите на Европската унија, каде живеат и работат по напуштањето на Албанија, јави Ора њуз, повикувајќи се на европската агенција за статистика „Евростат“. Најголем број од државјанствата се издадени во 2016 година или околу 67,5 илјади. Во 2021 година […]
Минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир и активист за човекови права, Алеш Бељацки, денеска од суд во Белорусија е осуден на 10 години затвор. Нобеловецот и уште двајца активисти од Центарот за човекови права „Весна“, што тој го основаше, беа уапсени за време на протестите во 2020 година против реизборот на белорускиот претседател Александар […]
Руските сили во текот на ноќта го разнесоа клучниот мост што го поврзува опколениот град Бахмут во источна Украина со блиското село Хромово, соопшти украинската полиција. Полицијата во градот Константинивка изјави за Си-Ен-Ен дека се надева дека мостот ќе биде поправен во наредните денови, бидејќи тој е витална артерија за евакуација на цивили и испорака […]
Маж од САД починал откако се зарази со амеба што го напаѓа мозок, најверојатно откако го исплакнал носот со загадена вода од чешма, соопштија здравствените власти. Одделот за здравство на Флорида во округот Шарлот ја потврди смртта, но не даде детали за жртвата. Се смета дека инфекцијата со амеба Naegleria fowleri е резултат на миење […]
Еден цивил и еден полицаец загинаа за време на насилните протести во колумбиската провинција Какета, а 79 полицајци и девет работници на нафтените полиња беа земени како заложници од локалното население, изјави денеска колумбискиот омбудсман за човекови права Карлос Камарго. Инцидентот се случил во рурален дел на општината Сан Висенте дел Кагуан, каде демонстрантите нападнале […]
Голем пожар избувна во центарот на Хонг Конг, во комерцијалната и туристичка зона на градот, а пожарот зафати облакодер во изградба. Според локалните медиуми, има повредени. Во гаснењето пожари учествувале и авиони. Бидејќи се работи за објект во изградба, системот за противпожарна заштита не бил активиран. Очевидци споделуваат снимка од облакодер кој пламнува низ целата […]