Лидерот на Хамас во Либан, Фатех Шериф Абу ел Амин загина заедно со неколку членови на семејството при израелски напад врз јужниот дел на земјата. Соопштението на Хамас за смртта на Амин уследи откако палестинската милитантна група Народен фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) утрово соопшти дека тројца нејзини членови се убиени при израелски напад […]
Крис Кристоферсон, американски актер и музичар, наградуван кантри пејач и повеќекратен добитник на значајни награди и признанија, почина на 88-годишна возраст. Кристоферсон почина во саботата во својот дом на хавајскиот остров Мауи, соопшти неговото семејство. Кристоферсон ќе остане најпознат како автор на текстот на песната „Me and Bobby McGee“, која со голем успех ја изведе […]
Смртниот биланс на ураганот Хелена кој ги погоди Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, изнесува 69 лица. Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголеми, со оглед дека неколку лица се пријавени како исчезнати и се трага по нив. На југоистиокот на САД почнаа големи активности за чистење и обнова на шетите […]
Претседателот на САД, Џо Бајден рече дека е недозволиво да избувне сеопфатна војна на Блискиот исток. Одговарајќи на прашање на новинар за потребата од спречување на регионален конфликт, Бајден рече: „Тоа е неопходно. Мора навистина да се избегне. Бајден исто така изјави дека планира да разговара со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, но не прецизираше […]
Според првите проценети резултати од парламентарните избори во Австрија, екстремната десница – Австриската партија на слободата (FPÖ) – победи со 29,1%. За прв пат партијата победи на парламентарните избори. Во новиот парламентарен состав ќе влезат вкупно пет партии. Втора е сега владејачката Австриска народна партија, предводена од канцеларот Карл Нехамер, со 26,2%. Социјалдемократите добиваат 20,4%. […]
Актерот Џон Дејвид Ештон, најпознат по улогата во хит-серијата „Полицаец од Беверли Хилс“, почина на 76-годишна возраст. – Ештон почина мирно, во четвртокот, по битката со ракот – изјавил портпаролот на актерот. За време на кариерата која траеше повеќе од 50 години, Ештон одигра преку 200 филмски и телевизиски улоги, но стана познат во светот […]
Бројот на загинати во поплавите и одроните предизвикани од монсунските дождови во Непал се искачи на 148, соопштија во неделата тамошните власти. Се трага по уште најмалку 55 лица, јавува ДПА. Обилните врнежи од дожд кои започнаа кон крајот на четвртокот зафатија поголем дел од државата, а особено беа обилни во источниот и централниот дел […]
Откако израелските воздушни напади го убија лидерот на Хезболах Хасан Насрала во петокот, светот стравува од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Убиството на Насрала го осуди и Русија, а либанската милитантна група порача дека отпорот нема да биде скршен и дека џихадистичкиот дух на браќата муџахедини во Либан и на сите фронтови за поддршка […]
Во Мркопаљ избувна голем пожар кој целосно ја уништи пиланата, една од најголемите во Хрватска, која работи како дел од компанијата Дрвењача, пишува Торпедо Медиа. Пожарникарите сè уште се на терен, а меѓу првите интервенираа и припадниците на Јавната противпожарна единица Делница, кои веднаш по избувнувањето на пожарот пристигнаа на местото на настанот. Пиланата Мркопаљ […]
Карпеста планета, приближно двојно поголема од Земјата, им понуди на астрономите поглед на можното идно сценарио за нашата планета. Астрономите открија далечна планета која им понуди редок поглед на тоа како нашата планета би можела да изгледа за осум милијарди години од сега. Планетата, наречена KMT-2020-BLG-0414 и оддалечена 4.000 светлосни години од Земјата, е карпест […]